Градежните активности за изградба на автопатот Миладиновци-Штип ќе започнат утре, најави Министерството за транспорт и врски. Изградбата ќе започне од местото викано „Три Чешми" – Штип.
Автопатот е со вкупна должина од 47 километри и широчина од 27 метри, долж кој се предвидени за изградба и 8 натпатници и 5 потпатници. Треба да биде изграден за три години.
Овој автопат, како и оној од Кичево за Охрид ќе бидат финансирани со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.
Автопатот кој ќе започне со изградба на делница Скопје – Свети Николе – Штип ќе чини 206 милиони евра, а автопатот на делницата Кичево-Охрид е вреден 374 милиони евра. Во договорите има и одредба со која се предвидени десет проценти за дополнителни непредвидени работи.
(Фактор)
20 февруари 2014