Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:45 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Планинарски марш во чест на претседателот Трајковски

    Планинарски марш во чест на претседателот Трајковски

    Од споменикот „Македонија", посветен на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска, од Градскиот парк во Струмица, започна традиционалниот планинарски марш „Борис Трајковски".


    Маршот ќе се реализира во наредните пет дена, а планинарите од Струмица и од други градови, како и љубителите на пешачењето, ќе го изодат патот од Струмица, до гробиштата „Бутел" во Скопје, за да му оддадат почит на прерано загинатиот претседател.

    Пред споменикот „Македонија", се собраа повеќе планинари, граѓани, претставници од општинскиот совет на Струмица, а пригодна реч за Борис Трајковски, беше искажана од планинарите на Ориентационо алпинистичкиот планинарски клуб „Ентузијаст" од Струмица.

    По едноминутно молчење на присутните, свежо цвеќе пред споменикот положија претставници од семејството Трајковски, како и планинарите.

    Според Кољо Ристов од планинарскиот клуб „Ентузијаст", традиционално, по деветти пат, се одбележува од смртта на Трајковски, со две активности. 

    - Првата активност е планинарскиот марш, од Струмица до Скопје, каде што ќе земат учество планинари од Гевгелија, Струмица, Неготино и Радовиш, која ќе се реализира во четири етапи. Вториот дел од активностите е искачување на планината Беласица, на врвот „Ботра" (1880 метри н.в.), на која активност учество ќе земат планинари од Струмица, Валандово, како и од Петрич и Сандански во Р. Бугарија. Се надевам дека ќе дадеме еден мал принос во чествувањето на датата на загинувањето на претседателот Трајковски"- најави Ристов.

    Овој планинарски клуб ја покрена иницијативата, највисокиот врв на Беласица „Ботра" да се именува по Борис  Трајковски, за што процедурата е во тек.

    Планинарите до Скопје ќе пешачат повеќе од 200 километри, а оние на Беласица, ќе се искачуваат во должина од 35 километри. 

    Автор:С.Џ.


       (Нова Македонија)
        22 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 267 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024