Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:58 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Осквернавени православните гробиштата во скопско

    Осквернавени православните гробиштата во скопско

    40 –тина гробови на православните верници во скопското село Брњарци се уништени од непознати сторители. Сликата со паднати и скршени спомен плочи ги вознемирила жителите кои утрината во чест на Задушница пристигнале да запалат свеќи. Знаеле дека претходно неколку постари гробови биле вандализирани, но се изненадиле кога забележале дека и новите споменици се уништени.
    iskrseni-grobovi-branrci

    40 –тина гробови на православните верници во скопското село Брњарци се уништени од непознати сторители. Сликата со паднати и скршени спомен плочи ги вознемирила жителите кои утрината во чест на Задушница пристигнале да запалат свеќи. Знаеле дека претходно неколку постари гробови биле вандализирани, но се изненадиле кога забележале дека и новите споменици се уништени. Адетот го направиле – запалиле свеќи и оставиле цвеќе, но дома заминале, тврдат за Алфа, исплашени.

    За првите уништени гробови, жителите пред неколку дена го известиле градоначалникот на Гази Баба – тој ги посетил заедно со ОБСЕ, но освен дека евентуално ќе помогне со малку пари, не можел да вети дека во иднина ќе се најде решение како гробиштата да бидат под постојана заштита.

    Гробишата се на ридот над селото – до ридот се првите куќи на Арачиново. Брњарци има 120 куќи, над него е селото Страчинци. Жителите раскажуваат дека се живее мирно и дека имаат комуникација со соседите од другите села. Затоа не сакаат да веруваат дека некој имал намера со сквернавењето гробови да предизвика верска омраза и да поттикне револт, туку дека сепак, се вандали кои сакале да нанесат матерјална штета. Утрината жителите за настанот се јавиле во Достоинство. Стојанчо Ангелов во конфликтот бил ангажиран во овој регион.

    Ако градоначалникот не им помогне брњарци самите ќе ги исправат спомен плочите и ќе бараат чаре како да ги заштитат.

       (Алфа, Денешен Весник)

        22 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 208 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024