Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:55 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ХРОНИЧАРИТЕ И ИСТРАЖУВАЧИТЕ ЗА МИЛЕНИУМСKИОТ ЈУБИЛЕЈ БИТОЛА СЛАВИ 1.000 ГОДИНИ ИМЕНДЕН

    ХРОНИЧАРИТЕ И ИСТРАЖУВАЧИТЕ ЗА МИЛЕНИУМСKИОТ ЈУБИЛЕЈ

    БИТОЛА СЛАВИ 1.000 ГОДИНИ ИМЕНДЕН

    Жанета Здравковска

    Годинава Битола слави 1.000 години од својот именден, поточно од првиот пат кога нејзиното име во оригинална форма било запишано на мермерен споменик од 11 век. Тоа за повеќето градови е реткост, а за нас гордост, вели истражувачот и хроничар на градот, Александар Стерјовски. Станува збор за „Битолската плоча" на која со старословенско кирилско писмо на народен јазик е запишано името на градот.

    - Тоа се 1.000 години од споменувањето на името. Еден цел милениум. На оваа тема уште од пред десет години отворивме научни дискусии, трибини. За прославата на 300 години од Санкт Петербург славеше цела Русија. Идејата ни беше да се одбележи овој значаен датум на достоен начин зашто ретко кој град има ваков јубилеј - вели Стерјовски.

    Името на градот запишано на плочата пред десетина години го откри битолскиот историчар Ѓорги Димовски-Цолев. Претходно текстот го преведуваа повеќе истражувачи, претежно од соседството, но не го забалежаа овој податок.

    - Со дозвола на директорот од битолскиот Завод и музеј, од плочата направив врз тенка хартија еден вид снимање на буквите. На хартијата ставена врз текстот од плочата со молив левтерно го поцрнував тоа место така што од вдлабнатите букви се оцртуваше врз хартијата и се гледаа контурите на буквите. Можев да се уверам и да констатирам дека на тоа место е запишано името на градот кое за првпат се открива во својата оригиналност - запишал Димовски во книгата „Битола низ вековите", каде што се објавени неговите согледувања за споменикот.

    Според него, на плочата било запишано „ГРАДЪ СЪ БЫТОЛЪ". Натписот содржи стари вокали што денес се редуцирани, а старославјанскиот вокал Ы во нашите простори во говорот уште во 13 век бил преименуван во гласот И.

    Археологот Гордана Филиповска-Лазаровска посочи дека името на градот е запишано во петтиот ред од горе. Таа вели дека на плочата запишана е и 1014 година кога била битката кај Беласица.

    - На плочата запишана е како 6.522 година од создавањето на светот, со букви кои имаат пресметки. Така З значело 6000, Ф 500, K 20, Б2. Таа година според дешифрирањето е 1014- кога била битката на Беласица - вели археологот Филповска Лазаровска.

    На плочата има податоци за цар Самуил, внукот Јован Владислав, за битките. Истражувачите ја датираат плочата дека била испишана во 1016 година при обновувањето на битолската тврдина од царот Јован Владислав. Некои историчари сметаат дека именденот треба да се слави во 2016, но други возвраќаат дека единствен испишан датум е 1014 година, а другото е претпоставка.

    Плочата била откриена во 1956 година кога на местото од Ески-џамијата во Битола почнала изградба на згради. При расчистувањето се користел динамит, па експлозијата оштетила дел од плочата која, пак, се смета дека по старост е трет средовековен кирилски споменик во Македонија. Плочата била скршена на два дела, а десниот агол некаде исчезнал. Во џамијата се користела како скалило, па дел од него на едно место е мошне истриен. Денес се чува во музејската поставка на битолскиот Завод и музеј.

    ЕДЕН МИЛЕНИУМ ОД КРУНИСУВАЊЕТО НА ЦАРОТ

    Освен овој јубилеј, Битола во октомври годинава слави и 1.000 години од крунисувањето на Гаврило Радомир во црквата на Битолското кале каде што била и неговата резиденција, вели археологот Филиповска-Лазаровска.

    Тој бил средовековен македонски цар, првороден син на Самуил и Агата, совладетел и наследник на Самуил. На престолот се искачил во 1014 година по смртта на Самуил. Но владеел кус период зашто во 1015 година бил убиен во лов.

    (Дневник)

    24 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 274 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024