Решението за распишување на предвремените избори Вељаноски го потпиша откако вчера Парламентот со 117 гласа „за" и ниту еден „против" и „воздржан" се самораспушти.
- Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, рече Вељаноски.
- Уште еднаш сакам да ги повикам сите учесници во процесот за избор на претседател на Република Македонија и за изборот на пратеници, да постапуваат исклучиво во согласност со уставните и законските одредби, да придонесат кон создавање мирна и демократска атмосфера во која секој граѓанин ќе може достоинствено да го оствари своето право на глас по свое лично убедување, изјави Вељаноски.