Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:53 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВО ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ „ПОТОНАА“ 600.000 ЕВРА ЗА БАРОКОТ КАЈ „БРИСТОЛ“

    ВО ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ „ПОТОНАА" 600.000 ЕВРА ЗА БАРОКОТ КАЈ „БРИСТОЛ"

    Ова е втор анекс на основниот договор за изградба, кој е тежок неверојатни 14 милиони евра

    ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА ДИМОВА



    Почнаа да се потпишуваат анекси и за административната барокна зграда што се гради во паркот спроти хотел „Бристол". Деновиве е потпишан договор за непредвидени градежни работи на терен во вредност од околу 677.000 евра, што е втор анекс откако е почната изградбата на објектот. Овој пат станува збор за непредвидени работи на терен предизвикани од подземни води. Анексот не е потпишан од Владината служба за општи и заеднички работи, преку која генерално се реализираат проектите од „Скопје 2014", туку потпис ставиле одговорните во АД за станбен и деловен простор. Токму тие се едни од „станарите" на објектот. Директорот на Станбеното претпријатие, Цветко Грозданов, објаснува дека сумата од потпишаниот договор, поточно сите трошоци за објектот ќе бидат поделени помеѓу институциите кои ќе користат простор во зградата.

    „Ние ќе покриваме 5,9 отсто од трошоците, а мислам дека Централен регистар ќе учествува со најмногу пари. Процентуално, трошоците се поделени во зависност од површината што ќе ја користи секоја институција одделно. Така ќе се поделат и трошоците за основниот договор за изградба", вели Грозданов.

    Потенцира дека станбеното претпријатие, најверојатно, во оваа зграда нема да користи канцелариски простор, туку ќе му припадне деловниот простор со кој потоа ќе стопанисува. 

    Со оглед на непредвидените градежни зафати на терен, Грозданов не сакаше да посочи дали и колку ќе доцни изградбата на објектот. Единствено е сигурно дека во новата зграда постојана адреса ќе имаат шест владини институции: Централен регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторна комисија за енергетика, М-НАВ и Фондот за осигурување депозити.

    Инаку, ова е еден од најскапите и најоспоруваните објекти од „Скопје 2014". Основниот договор за изградбата „тежеше" близу 14 милиони евра. Предвидено е објектот да биде на приземје, осум ката и потпокрив, а ќе има фасада во неокласицистички архитектонски стил.

    Ископот ја загрозил безбедноста на соседната зграда

    Изградбата на новата зграда ја загрозила безбедноста на соседниот станбен објект. Ова може да се заклучи од образложението за причините за потпишаниот анекс во кое е наведено дека непредвидените работи при изградбата се јавиле од неколку причини. Пред започнување со ископот и заштитата на градежната јама на локацијата биле извршени две геомеханички испитувања на земјиштето. Првото во април 2012 година по барање на инвеститорот и тогаш нивото на подземна вода било лоцирано на 10,5 метри. Второто испитување по барање на изведувачот ДГ „Бетон" било реализирано во октомври истата година и тогаш подземната вода била на 10,5 метри од нивото на теренот. Во јануари 2013 година започнал ископот на градежната јама, но кога во април ископот стасал до кота -8,40 метри неочекувано се јавила подземна вода, што значи дека нивото на подземната вода било покачено за приближно 2 метра. Во прв момент се започнало со нејзино црпење, но поради огромната количина што требало да се исцрпи, постоела опасност и од црпење на ситните песочни состојки во подземна вода што би донело до процес на суфозија.

    „Овој процес е многу ризичен бидејќи ја нарушува стабилноста на објектите покрај јамата, на пример станбената зграда што е на оддалеченост од 2 метра", стои во образложението. Поради ова процесот бил прекинат и било побарано друго решение поради што и дошло до непредвидените градежни зафати за кои било потребно потпишување нов анекс-договор. (Д.Т.Д.)

       (Утрински Весник)

        6 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 212 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024