|
Манастирец е најхуманото село во Македонија
Манастирец е најхуманото село во МакедонијаВо селото моментално има 23 деца во згрижувачки семејства, од кои пет одат во училиште, а другите поради физичка попреченост остануваат дома. Општината Македонски Брод е рекордер по бројот на деца во згрижувачки семејства, уште 11 деца се згрижени во Македонски Брод и две во селото ТребиноРечиси нема домаќинство во селото Манастирец во кое нема згрижено барем едно дете, а има семејства што имаат згрижено и по две-три. Оттука, селото со право може да го понесе епитетот најхумано село во Македонија. Во него цели 16 години живеат голем број деца во згрижувачки семејства.
- Со посебна гордост можеме да се пофалиме дека селото Манастирец е најхуманото село во нашата земја. Голем број жители имаат свои деца, но и згрижени. Како општина, во рамките на нашите можности им помагаме на овие семејства, а со поддршка се вклучува и регионалниот центар за социјална работа од Македонски Брод. Има деца што пораснале во ова село и потоа формирале и свои семејства - вели Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.
Прв во селото што почнал да згрижува деца, а во чие семејство денес престојуваат три деца со хендикеп, е пензионерот Ѓоко Милошески. Првото дете го згрижил уште во 1998 година.
- Тогаш Центарот за социјална работа во Македонски Брод бараше семејство што ќе преземе едно дете од нивниот центар. Во договор со моето семејство одлучив да го земам детето. Во изминатите 16 години имаме згрижено 13 деца, а моментално во мојата куќа престојуваат три деца со хендикеп, на возраст од девет, седум и четири и пол години. Ако имаат потреба од лекарски преглед, децата ги носиме во Македонски Брод или преку Центарот за социјална работа ни испраќаат медицинско лице - вели Милошески.
Во селото Манастирец моментално има 23 деца во згрижувачки семејства, од кои пет одат во училиште, а другите поради физичка попреченост остануваат дома.
Општината Македонски Брод е рекордер по бројот на деца во згрижувачки семејства, бидејќи покрај 23-те деца во селото Манастирец, 11 деца се згрижени во Македонски Брод и две во селото Требино. | | | | Автор: З.А. (Нова Македонија) 9 март 2014 |
|
|
|
Views: 309
| Added by: Вељанко
|
|
|