-Со 60 килограми автохтона речна пастрмка што ја набавивме од рибникот Шум во Струга, денес извршиме порибување на горниот тек на реката Треска и сливот на нејзината десна притока Беличка река. Последното порибување на Треска го извршивме во ноември 2012 година, кога во реката пуштивме 5.000 парчиња рибен подмладок. И покрај тешката економска ситуација, сепак ние како риболовно друштво, успеавме да обезбедиме завидна количина рибен подмладок , за да се регенерира рибниот фонд во реката кој е се посиромашен, рече Димитар Петкоски, претседател на риболовното друштво „Треска" од Кичево.
Од риболовното друштво најавено е ново порибување на река Треска во текот на есента.