|
Родители бараат препорачана наместо задолжителна вакцинација
Родители бараат препорачана наместо задолжителна вакцинацијаВакцинацијата на децата да биде препорачана, а не задолжителна, бараат група родители, кои веруваат дека вакцините предизвикуваат тешки болести Тие, со поддршка од правникот Стамен Филипов, веќе поднеле иницијатива до Уставниот суд да ја испита уставноста на одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој е утврдена задолжителна вакцинација против туберколоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус, инфлуенца тип Б и вирусен хепатит Б. Во исто време бараат со редовна вакцинација да не се условуваат запишувањето на училиште и детскиот додаток за трето дете.
- Државата треба да се грижи за заштитата на здравјето на луѓето, но не да ги казнува родителите со глоба од 300 до 650 евра и да ги принудува да ги вакцинираат децата - вели Филипов.
Весна Башевска-Симонова, фармацевтка и дел од групата што бара преиспитување на законите, вели дека позитивните ефекти од вакцините не се докажани, а негативните последици, меѓу кои и менингитис, аутизам и смрт се запишани во упатствата на самите производители на вакцините.
- Д-р Јованка Костовска од секторот за превентива во Министерството за здравство, демантира дека има такви предупредувања во упатствата. Таа објаснува дека и натаму остануваат на ставот дека вакцинацијата треба да биде задолжителна.
| | | | Автор: Н.Б.З.
(Нова Македонија) 12 март 2014 |
|
|
|
Views: 259
| Added by: Вељанко
|
|
|