Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Дервиши, поети, чудаци и убави жени на скопските сокаци (1дел)

    Дервиши, поети, чудаци и убави жени на скопските сокаци

    Во кафеаните среќавал поети и заљубени мажи, кои времето го минувале во пиење и озборување, но среќавал и луѓе со необични чалми, како птичји гнезда, како и танчарки што на својата половина имале обесено шарени ленти со ножеви

    Што видел Челебија во 17 век во Македонија?

    Првото патување на Евлија Челебија низ Македонија се случило во 1660 година, кога од Косово Поле тргнал за Софија минувајќи низ Скопје, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Подоцна уште неколкупати бил во Македонија, посетувајќи ги Прилеп, Битола, Штип, Лерин, Воден и други градови. Притоа, во својот тефтер, меѓу другото, ќе запише дека „поради исклучително чистиот воздух и вода, жените се мошне убави и мили; секоја девојка носи свилено здолниште и движејќи се како паунки ги збунуваат луѓето по улиците". Во кафеаните среќавал поети и заљубени мажи, кои времето го минувале во пиење и озборување, но среќавал и луѓе со необични чалми, како птичји гнезда, како и танчарки што на својата половина имале обесено шарени ленти со ножеви. Сокаците во Скопје се покриени со бела калдрма, а во градот има голем број угледни луѓе, пријатели на дервиши, поети и чудаци, кои уживаат во забави, а нивно најголемо богатство се љубовните спомени и доживувања. Има многу убави жени, жени со месечеви лица...

    Скопјанките одат во Кизлар-амамот 

    Според записите што ги оставил, Челебија цели 50 години ги поминал на пат и никогаш не стигнал да се ожени, но секогаш кога поминувал низ Македонија морал да запише нешто за прекрасните жени што ги гледал насекаде. Освен турски, добро говорел арапски и персиски, знаел и грчки, а според некои негови искази добро разбирал и латински. 

    За Скопје ќе забележи дека имал 70 маала, а поради старите богатства што ги криел под земја, Грците во тоа време го нарекувале голема „грчка ризница". Шетајќи по сокаците, ќе напише дека во градот има „110 чешми, а водата што доаѓа од Качаничката Река по водоводот на Иса-бег се разнесува низ целиот град. Сите овие кристални чисти води се собираат под градот, каде што се мешаат со водите на Вардар. 
    Скопските амами се мошне пријатни. Скопјанките се најголемиот дел од посетителите на Кизлар-амамот, кој се наоѓа близу Јајапашината џамија. Може да се види како градите им потскокнуваат под кошулите кога потрчуваат за да стигнат во амамот. Инаку, амамот е на спокојно и скришно место, погодно за посета на жени. На овие простори се смета како мошне голема вина ако жените влегуваат во амам што се наоѓа на прометни патишта". 

    Како тој се доближил до амамот не запишал во тефтерот. Веднаш се префрлил на Старата чаршија, каде што избројал точно 2.150 дуќани, а во сите нив во тегли и други садови имало ставено зумбул, темјанушки, трендафил, јоргован, лилјан, нарцис и други цвеќиња. Веројатно останал барем десетина дена, зашто научил многу работи што не можат да се видат за ден или два. На пример, дознал за значајните поети Хаки и Ерзи Челеби, но најмногу му се допаднала поезијата на Коџа Хасанзаде. 
    Забележал дека градот е многу чист и дека по ановите се пее, се игра и се јаде до зорите. Видел како се изработуваат убави ракавици од волна, плетени производи, украсни перничиња и завеси, кои, како што вели, не можат да се најдат ниту во Персија. 

    Дел жители, пишува Челебија, се трговци, дел се занаетчии, додека само мал дел се учени луѓе. Како и да е, откако ќе запишел сѐ што ќе му се видело интересно, патописецот влегувал во некој од ановите и додека јадел бележел што има на софрите: печено јагне, бирјан, капама, мусака, но и разно овошје донесено од разни страни на светот: „Од овошните сокови се изделуваат медовината, сокот од вишна и ширата од грозје". 

    Потоа тргнал за Куманово, кое во тоа време било војводство во атарот на Скопскиот санџак. Веднаш забележал дека градот има доволно вода, а ги пребројал и куќите, околу 600, покриени со ќерамиди. 
    Поминал и низ Кратово, каде што избројал 800 куќи и 350 дуќани, останувајќи вчудовиден од исклучителната изработка на скапоцени кадилници, фенери, леѓени и разни позлатени ибрици. Вода не забележал, не забележал ни жени, но забележал дека бакар има во изобилство.

     

     
    Rating: 0.0/0
    Views: 215 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024