Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонија доби национален кириличен домен .мкд

    Македонија доби национален кириличен домен .мкд

    Република Македонија доби свој национален кириличен домен .мкд, со кој ќе се претставува во меѓународниот интернет-простор. Избран е од граѓаните преку интернет-анкета што ја спроведе Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, а одобрен од Интерент корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН)

     

    Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска оцени дека со кириличниот домен ќе се отвори нов простор за промоција на Република Македонија. Ќе се креираат повеќе македонски содржини на кирилично писмо, фактор што го следат многу глобални институции за развој на информатичкото општество.  Ќе може да се регистрираат веб-страници на кирилично писмо. Ќе се регистрираат  домени со наши карактеристични букви од нашата азбука како што се: љ, њ, ѓ, ж, џ, ч, ш, како на пример Ченто.мкд, Чаир.мкд, Љубаниште.мкд, Жабени.мкд и други.

    - Со воспоставувањето на националниот кириличен домен во интернет-просторот направивме уште еден чекор во зацврстувањето на нашиот јазик и писмо што претставува само продолжување на големите дела на Македонците низ минатото, рече на прес-конференција во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисироков“ министерот Ивановски.

    Добивањето на националниот домен, додаде, претставува и голем чекор напред во битката на Македонија и на македонскиот народ да се избори со наметнатите неправди од страна на дел од нашите соседи кои постојано го игнорираат, омаловажуваат и не признаваат постоењето на македонскиот јазик.

    Големо достигнување за нас, посочи министерот, е што успеавме да извојуваме уште една и правна и политичка битка на меѓународен план, но за тоа требаше многу трпение, лобирање и напорна работа од сите субјекти вклучени во овој процес.

    Македонскиот е петти регистриран кириличен домен во светот. Со кирилична верзија на домен на интернет, покрај Македонија се присутни Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Гласањето за доменот заврши во јануари минатата година, а во избор беа предлозите: мкд, мак, рм, македонија, рмак и рмкд. За кириличниот домен .мкд гласаа 73 проценти од учесниците во анкетата. Процесот за добивање на кириличниот домен почна со поставување барање до Интернет-корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН).

    Министерот Ивановски очекува надлежните меѓународни организации што поскоро да го внесат .мкд доменот во системот со оглед дека процедурата е во тек. Со тоа македонските граѓани ќе можат наскоро да ги регистрираат домените.

    Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ нагласи дека со добивањето на кириличниот домен е значајно за  промоцијата и позиционирањето на кирилицата.

    - Во рамки на јазичната политика и планирање многу често се земаат предвид пазарната вредност на јазикот и субјективната оценка, односно јазичните и културните придобивки од користењето на ваквите домени. Токму затоа ние на овој македонски простор бидејќи доменот во суштина не означува ништо друго освен простор, од ова место, од Институтот за македонски јазик како овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, ги покануваме сите граѓани на РМ да почнат да го користат доменот .мкд. Искрено се надевам дека Институтот ќе биде меѓу првите што ќе се регистрира со овој домен, рече Цветановски. (МИА)

    (Нова Македонија)

    20 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024