Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:51 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЗАБОРАВАЈЌИ ГО МЕНДУХ ТАЧИ

    ЗАБОРАВАЈЌИ ГО МЕНДУХ ТАЧИ

    Во холивудската евтина романтична комедија „Заборавајќи ја Сара“ главниот лик, очаен и депримиран тешко ја прифаќа разделбата со својата девојка. Убеден дека Сара е љубовта на неговиот живот, тој не може да го скрие нервниот слом што го доживува кога таа му вели дека е готово. На оваа нискобуџетска холивудска комедија ме потсети Зоран Заев со пораките упатени до лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Заев, како некој напуштен љубовник, очаен и беспомошен го моли Тачи да му крене слушалка, ползи пред него за да се сретнат. Го воздигнува во облаци велејќи му дека заедно со Бериша и Харадинај е перспективата во регионот, а за да ја добие неговата наклоност, се фали дека го подготвуваат и повисоките надвор од Македонија. 

    Лидерот на СДСМ стана препознатлив по своите непромислености и секогаш кога ќе помисли човек дека не може полошо, не може посмешно, Заев повторно ќе изненади. Проблемот е што истиот тој Заев е претендент да седне во премиерската фотелја и да одлучува за државнички работи. Прво, толкава наивност не е пожелна за претседател на куќен совет, а камоли за некој што сака да стане премиер. Не попусто лидерите на партиите се состануваат на тајни локации за да разговараат за одредени прашања, а не преку пораки. А како тоа се договара далеку од очите на јавноста, најдобро знае неговиот претходник Црвенковски. 

    Токму поради неговата претпазливост, Тачи, освен со вербално тврдење, не може со СМС да докаже дека екслидрот на социјалдемократите барал од него соработка за насилно да ја урнат владата на Никола Груевски. Дополнително, она што Тачи го кажа, само го потврди дејствувањето на СДСМ во континуитет - потпирање на меѓународниот фактор за да се дојде на власт. Тоа е единствената карта на која социјалдемократите играат со години. И во пораките Заев се фали дека има поддршка од, како што вели, повисоките надвор од Македонија. А колку вмешувањето на таквите повисоки надвор од Македонија, особено од еден наивен политичар каков што е Заев, ќе ја чини државата, тоа изгледа на опозицијата не ~ е важно. Дали ќе се повтори 2001, дали ќе се смени Уставот, па наместо граѓаните, ДПА и ДУИ да ни го избираат шефот на државата, дали Македонија со странска интервенција ќе стане протекторат, дали ќе мора да се реши и спорот за името на неприфатлив начин, очигледно тоа челниците на СДСМ не ги интересира. Важно е да се свитка грбот колку што може подолу за да се дојде на власт. 

    Во моменти кога гледаме како границите на една држава не се засекогаш исцртани, туку се кршливи, се бришат доколку така реши некоја светска сила, во Македонија гледаме политичари што се пазарат. Со натамошното делење на државата по етничка линија, со постојаното зголемување на барањата на албанските политички партии и нивното понизно исполнување од страна на македонските партии, ништо чудно на крајот да остане само уште едно неисполнето барање, а тоа е спојување на западниот дел кон голема Албанија.

    Реално, Македонија се соочува со проблеми наметнати од соседите, како проблемот со името, кој задира и во македонскиот идентитет, и внатре, со постојаните барања на албанските политички партии, чија реализација ќе доведе до комплетно разградување по етничка линија. Затоа, на државата ~ се потребни лидери кои ќе знаат да се справат со сите овие проблеми, а не луѓе што не внимаваат што ветуваат само да се дограбат на власт. Еднаш засекогаш СДСМ треба да престане да ги потценува граѓаните со понудата како Заев или Пендаровски, на пример. СДСМ му е потребен на народот како силна партија, која ќе гледа малку подалеку од „Бихаќска“, која ќе има визија за државата, која ќе знае да ги одбрани државните и националните интереси. Играњето на карта странци плус албански политички партии со цел враќање на власт може сите скапо да н` чини. 

    Според сите показатели и анкети, СДСМ ќе доживее уште два последователни пораза, а ќе доживува порази с` додека води антидржавни политики и додека нуди кадри како ликови од лоши холивудски комедии. По сите гафови и непромислени постапки, очигледно и Заев токму така треба да се третира.

    Ирена Радовановиќ

    (Дневник)

    22 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 198 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024