Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВЕТЕРНИЦИТЕ ВО БОГДАНЦИ НАСКОРО ЌЕ ПРАВАТ СТРУЈА

    ВЕТЕРНИЦИТЕ ВО БОГДАНЦИ НАСКОРО ЌЕ ПРАВАТ СТРУЈА

    Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во тек се активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО.

    Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци, во дистрибутивната мрежа вчера од 5 до 7 часот без електрична енергија беа населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

    Сега следува период за тестирање на перформансите на комплетната техничка опрема, по што капацитетот ќе влезе во редовно производство. Целосно веќе е завршена изведбатата на потребната инфраструктура и придружни објекти за ветропаркот, изградена е патната инфраструктура, приклучени се далеководот, командната зграда и 20/110-киловолтната трафостаница. Останува да се реализира асфалтирањето на пристапниот пат и активностите за хортикултурно уредување на просторот околу ветерниците.

    Ветерниот парк Богданци има 16 ветерни електрани распространети на 29 хектари и се очекува да испорачува најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани. Истовремено тие ќе ја зголемат инсталирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 мегавати, како и учеството на обновливите извори во нејзиното производството.

    Во ветерниот парк се вградени турбини, производство на „Сименс-Данска“, кои се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата е 93 метри.

    Реализицијата на овој проект чини 55,5 милиони евра, од кои 47,9 милиони евра се заем од Владата на Сојузна Република Германија преку KФВ-банката, а 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

    (Дневник)

    22 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 195 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024