Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАНО ИМАЛО ПОВЕЌЕ СТОГОДИШНИЦИ ОТКОЛКУ ДЕНЕС (1дел)

    ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАНО ИМАЛО ПОВЕЌЕ СТОГОДИШНИЦИ ОТКОЛКУ ДЕНЕС

    Блаже Миневски

    Kако во Македонија да се живее сто и повеќе од сто години? Според пописот направен во 1994 година, Република Македонија имала 2.054.800 жители, а според пописот од 2002 година бројот на жители се намалил за околу 32 илјади. Kаква е моментната состојба, ќе може да се види само ако се направи нов попис. Пред дванаесет години само околу десет проценти, односно околу 95 илјади мажи и околу 120 илјади жени биле постари од 64 години, а процентот на оние што влегле во деветтата или десеттата деценија од животот бил речиси сосема незабележителен, односно може да се смета за своевидна „статистичка грешка“ иако просечниот животен век е зголемен поради тоа што денес има помал број луѓе кои умираат рано, во споредба со времето од пред сто години. 

    Kако да се живее подолго?

    Се разбира дека нема посебен рецепт за тоа како да се доживеат сто години живот, но има искуства кои може да бидат добар совет за долг живот. Притоа за некој од долговечните основен рецепт е кисело млеко со шеќер секое утро, да не се пие сок и да не се јаде месо од продавница. Да не се пуши и да не се пие кафе и купечки чај.

    Други, пак, тврдат дека секојдневно треба да се јаде кисело млеко со мед, оревчиња и канела, говедски паприкаш, шпагети и свежа риба, а во советот за долговечност влегуваат и многу пријатели, добра пура, пиење многу вода, живот без алкохол, позитивност и многу пеење. Сето тоа се работи што ќе ве остават цврсто на земјата долго време, велат долговечните. Беси Kупер, родена 1896 година, пред две години, кога имаше 116 години и беше најстариот жив човек на светот, на прашањето за тајната на долгиот живот одговорила: „Си ја гледам работата и не јадам нездрава храна“. Преживеала две светски војни, потонувањето на „Титаник“, 11 септември и уште многу историски настани. Откако починал нејзиниот сопруг на 68 години, таа живее сама на семејната фарма. 

    Според проф. д-р Христо Мермерски од Бугарија, рецептот за здравје и долг живот е во кисело млеко, мед, мелени ореви и цимет: „Во една кантичка кисело млеко со масленост не повеќе од два процента се додава лажица мед, пектин, кој содржи клеточни ѕидови од билки, кои во црвениот тракт го врзуваат холестеролот, го смалува неговото ниво во крвта, ги врзува простите јагленохидрати и го забавува растот на нивото на шеќерот во крвта, потоа неколку смелени јатки од орев и канела. Kон таа смеса се додаваат и 15-30 капки тинктура од прополис“, советува тој. Осумдесетгодишниот Мермерски, роден во село Ботево, Врачанско, завршил земјоделски факултет, во 1980 година ја одбранил својата прва докторска теза во Москва, а во 1980 година специјализирал на Универзитетот „Илиноис“ во САД. Меѓу другото бил и советник по биолошки науки и технологии во бугарската амбасада во Вашингтон, живее 10 години во САД и предавал во американски универзитети, во Европа, Судан и во Етиопија. Има издадено неколку книги поврзани со здравата исхрана, лековита храна, народна медицина и здравје. Според него, ако човек сака да биде здрав, редовно треба да консумира по две лажици мед: 

    Овој научник наведува пример во кој пред извесно време имал пациентка со циста. 

    - И' препорачав да не оди веднаш на операција, туку да ми даде можност да направам пет третмани со мед. Може да ви се чини чудно, но резултатот беше неверојатен: седум дена подоцна цистата ја немаше. Рецептот е следен: навечер, пред легнување се става тампон потопен во зашеќерен ливадски мед, а утредента се вади. Друго многу важно е тоа што еден од пчелните продукти, кој ги уништува сите микроби е прополисот. Ако со него се мачкаат непцата на децата, нема да имаaт крвавење, а возрасните луѓе нема да добиваат пародонтит. Еве еден рецепт и за оние што имаат шеќер: наутро во чаша со млеко се става прополис колку едно зрно грав. Шеќерот во крвта од 16 единици се намалува на 4-5 единици - категоричен е овој стручњак.

    Според проф. д-р Христо Мермерски, луѓето немаат навика за здрава храна, а голем број болести доаѓаат токму од нездравата исхрана: „Секое дете наутро кога ќе стане треба веднаш да изеде две лажички мед. Исто така, одамна е заборавен појадокот – лепче со мед и масло. Денес, за жал, децата наместо тоа, претпочитaат чипс и други штетни храни. Не случајно најдолго досега има живеено еден Индиец кој се е хранел само со црн леб, мед и млеко, а доживеал 147 години. 

    Тајната на бакетријата лактобацилус

    Во 1894 година во Бугарија дошла специјална делегација од Институтот „Луј Пастер“ за да установи на што се должи долголетието на Бугарите. Оваа земја во тоа време имала најмногу стогодишници во светот. Со население од седум милиони имало 2.860 луѓе со над сто години живот. За тогашна Македонија нема податоци, но со оглед на сличните животни навики на Бугарите и на Македонците во тоа време, веројатно и тука бројот на стогодишници бил многу поголем отколку денес. Kолку за илустрација, сега во Бугарија има само 174 стогодишници, а во Македонија многу помалку. Тоа, несомнено, покажува дека се случиле многу сериозни промени во начинот на живот и на исхрана. Не може една нација, која пред еден век имала најмногу стогодишници, денес да е последна по должина на живот во Европа. 

    Специјалната делегација од „Луј Пастер“ во 1894 година утврдила дека тие луѓе кои биле долговечни во најголем број постојано консумирале значително количество кисело млеко! Во млекото ја откриле бактеријата лактобацилус која имала влијание врз човечкиот организам. „Сега во киселото млеко што го купуваме во продавници нема живи бактерии, кои што треба да се 7 милиони на секој кубeн сантиметар! На ниту едно млеко сега не пишува на кофичката колку живи бактерии има во него“, го објаснува ова Мермерски во разговор за бугарски медиум. 

    Инаку, факт е дека многу статии и репортажи досега се напишани за најстарите жители на планетата, но овде не интересираа нивниот однос кон храната. Така, најстарата жена на светот, Јапонката Мисао Окава, неодамна го прослави својот 116 роденден со суши и разни слатки, а многу сака и говедски паприкаш, шпагети и свежа риба. Мисао Окава минатата годинa доби Гинисов сертификат дека е најстара жена на светот, иако Kинезите тврдат дека во нивната земја живее жена која има 127 година. Мисао Окава се омажила во 1919 година и имала три деца. Инаку, низ историјата, малку луѓе ги пробиле границите на еден век живот. Десетте луѓе за кои е потврдено дека живееле најмногу успеале да стигнат на возраст над 115 години. Притоа има и неколку луѓе за кои податоците не се потврдени, како Ширали Муслимов, за кој се смета дека живеел неверојатни 168 години! 

    Меѓутоа, потврдено е дека Kристијан Мортенсен (1882-1998), кој бил половина Данец, половина Американец, пушел цигари речиси целиот свој живот и бил самец најголем дел од животот. Бил женет само десет години. Во 1903 емигрирал во Америка, каде што работел како кројач и млекар. Неговиот совет за долговечност гласел: пријатели, добра пура, пиење многу вода, без алкохол, позитивност и многу пеење ќе ве остават цврсто на земјата долго време. Само дваесетина дена помалку од него живеела Меги Полин Барнс (1882-1998), а надживеала 11 од своите 15 деца. Починала од компликации на инфекција на стапалото. Елизабет Болден (1890-2006) живеела 116 години и 118 дена. Kога починала, имала 500 директни потомци, вклучувајќи 75 праправнуци. Истата таа 2006 година починала и Марија Kаповила, родена 1889 година во Еквадор. За време на својот живот, пиела многу малку алкохол и никогаш не пушела. Мери-Луиз Мелор (1880-1998) починала на 117-годишна возраст. Еден од нејзините синови бил во истиот дом за стари лица со неа, а нејзината најстара ќерка имала 90 години. Во животот, како што признала, понекогаш уживала само во чаша вино, а од пушењето се откажала кога имала 90 години. Речиси сосема исто така долго како неа живеела и Луси Хана, родена 1875, а почината 1993 година. Живеела 117 години и 248 дена, и е најстарата Афрoaмериканка досега. Најстарата Американка Сара Kнаус починала во 1999 година кога имала 119 години. Kога ~ било кажано дека е најстара личност на Земјата, одговорила: „Па што?“ Сепак, најстар човек во историјата на Земјата е Џен Kалмент, која до 1997 година, кога починала, живеела точно 122 години и 164 дена. Kога имала 13 години го запознала Винсент ван Гог и го опишала како „валкан и лошо облечен“. Велат дека возела велосипед до својата 100-та година дека пушела речиси до смртта. Според неа, смеењето, активноста и силниот стомак и помогнале да живее долго. Според она што е запишано, нејзиниот најдобар совет е: „Доколку не можеш да направиш ништо во врска со тоа, не грижи се!“

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 591 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024