Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАНО ИМАЛО ПОВЕЌЕ СТОГОДИШНИЦИ ОТКОЛКУ ДЕНЕС (2дел)

    ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАНО ИМАЛО ПОВЕЌЕ СТОГОДИШНИЦИ ОТКОЛКУ ДЕНЕС

    Kолку живеат најстарите Македонци? 

    Според неколку турски дефтери, што ги консултиравме за да видиме колку живееле Македонците пред сто-двесте години, старосната граница е сместена само во рамки на активни и пасивни жители. Сепак, во еден дефтер за Битола од седумнаесеттиот век се спомнува дека во градот кој имал околу 40.000 жители има повеќе од седумдесет лица што ги помнеле настаните од пред сто години, што значи дека биле постари од сто нешто години. Сега македонските жители со над сто години можат да се избројат на прстите на рацете. „Дневник“ неодамна ја објави сторијата за скопјанката Алиде Мемеди од селото Синѓелиќ и која со своите 111 години најверојатно е најстар жител во наша земја, ако не и на Балканот. 

    Според изводот од Kнигата на родените, Алиде е родена на 4 мај 1902 година во скопското село Љуботен, и, значи, ги минала годините на Илинденското востание, балканските војни, Првата и Втората светска војна, скопскиот земјотрес, распадот на Југославија, формирањето самостојна Македонија... Според неа, да било порано вака како што се живее сега, воопшто немало ни да остари, ќе била уште помлада: „Сакам да живеам, кој сака да умре“. Повремено оди на лекар, но нема посебни здравствени проблеми. Не носи очила. Сама изгледала 6 деца, има 17 внуци и 19 правнуци. Сопругот починал уште додека биле многу млади, најстарото дете имало 12 години. Нејзиниот рецепт за долг живот е да не се јаде сè и сешто, односно задолжително, секое утро, да се јаде кисело млеко со шеќер. Слично како што советува и проф. д-р Христо Мермерски. Според неа, со киселото млеко се подобрува крвта. Сок не пие, месо од продавница не јаде, освен ако има домашна кокошка, јаде супа, и редовно пие млеко. 

    Од друга страна, според неофицијалните податоци, кои повремено се пласираат преку медиумите, постојат и други лица постари од 100 години. Врз основа на евиденциите на матичните лекари за јавувањата на прегледи пред неколку месеци е утврдено дека најстар жител на Македонија кој во тој период се обратил за помош била 106-годишна скопјанка која во јули била на лекар. Притоа, според истата информација, уште шест други старици над 100 години во изминативе неколку месеци биле на лекарски преглед кај специјалист, а на 13 жени кои живеат повеќе од еден век од матичните им била пропишана терапија за хронични заболувања. Специјалистичката евиденција за хронични заболувања вели дека најстара меѓу нив е 104-годишна струмичанка, која редовно земала терапија за притисок и срце. Интересно е што сите 20 пациентки над 100 години кои биле на лекар и во аптека се жени. 

    Но има и еден маж кој се доближува до стотката, имено во септември ќе наполни сто години. Станува збор за Драган Делов од Градско, кој е роден токму непосредно по виорот на балканските војни, во кои го изгубил и својот татко. Татко му не успеал ни да го види својот син, загинал во војната. Делов, кој е роден во Неготино, веќе седум децении живее во Градско. Пред два месеца за „Дневник“, меѓу другото изјави: „Би сакал да живеам колку што може повеќе. А уште колку ќе живеам, тоа не зависи од мене. Зависи од смртта, кога таа ќе дојде. Не знам дали таа ме заборавила, може утре да дојде или по пет или по десет години, што знам. Немам потпишано никаков договор за бесмртност.“ Според неговата ќерка Ѓурѓина Мирчевска, која има 60 години и се грижи за него, татко ~ е здрав како дрен - лекарот во Градско дури и не го познава. Пред 13 години му починала сопругата на 81-годишна возраст. Со неа има 4 деца, 8 внуци и 12 правнуци. Што се однесува до храната, Делов потврди дека долговечноста можеби е во козјото млеко, и благо и кисело. Притоа секогаш се придржувал на тоа да има три редовни оброци во текот на денот во речиси точно определено време. Не пуши, не пие алкохол. Сите пријатели и другари му изумреле, па сега, за да не биде осамен, друштво му прават животните, кучето и мачињата Том и Џери, како што ги нарекува. Својот работен век го поминал како работник на железничката пруга. Седум децении од својот живот ги минал во објекти на железницата, кои се на само неколку метри од железничките шини..

    Kолку стогодишници има во светот, но и во Македонија, ќе треба да се утврди дополнително, но од искуството на оние што „доживеале стота“ може да се заклучи дека храната е еден од најважните предуслови за долг и здрав живот. Значи, леб со масло и мед, кисело млеко со оревчиња и канела, млеко и месо што не е купено во продавница, зеленчук и овошје, особено грозје... И векот поминал како од шега!

    СО БУГАРСКО КИСЕЛО МЛЕКО СЕ ИЗЛЕКУВАЛ И ФРАНЦУСКИОТ КРАЛ

    Приказната за важната улога на бугарското кисело млеко, кое на подрачјата на оваа земја почна да се подготвува уште од петиот век пред нашата ера, стана позната благодарение на рускиот научник и нобеловец Иља Мечников, вработен во парискиот Институт „Пастер“. Тој ги почнал истражувањата за причините за долговечноста на тамошните луѓе и утврдил дека животниот век на луѓето бил кус поради лошото дејство на одредени бактерии што ги разградувале протеините и предизвикувале труењата. Тој дошол до сознание дека единствената храна која можела да го ограничи развојот на тие лоши бактерии било бугарското кисело млеко. Со тоа го објаснил и фактот дека во Бугарија има најголем број стогодишници и тоа во добра здравствена состојба - на милион жители имало 426 лица постари од сто години. За илустрација само, во тој период во Франција и во Германија имало само по двајца.

    Инаку, за клучната бактерија лактобацилус е утврдено дека има силен антибактериски ефект и способност да се населува во цревата. Таа произведува супстанција слична на антибиотик дејствувајќи истовремено против холестеролот и против туморите. Најголемата популаризација на бугарското кисело млеко се случила кога со него бил излечен францускиот крал Франсоа Први (1515 - 1547) кој страдал од болеста на желудникот. Од Цариград бил повикан лекар-Евреин и кој во Париз дошол со стадо од 40 овци и од кои подготвувал кисело млеко со кое го хранел кралот. Излекувањето се случило за кусо време.

    ПРОФ. Д-Р ХРИСТО МЕРМЕРСКИ: 
    МЕДОТ ПРАВИ ЧУДА

    - Медот ги содржи сите витамини во најлесно прифатлива форма, микро и макроелементи и аминокиселини. А за луѓе со истоштен организам и прележани тешки заболувања и операции, како и при низок хемоглобин, медот е задолжителен. Секое утро, во чаша топла вода се раствора една супена лажица мед и една лажица јаболков оцет. Тоа го забавува развивањето на артериосклерозата, ги прочистува крвните садови и ја засилува размената на материи во организмот. Ако човек има киселини во стомакот, добре е да го практикува овој рецепт по јадење. Медот е одличен во комбинација со јатки од орев како силна поддршка на срцето и мозокот. Медот постојано восхитува со своите зачудувачки дејства, особено при заболувања што досега се лекуваа само хируршки - објаснува тој.

    (Дневник)

    28 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 228 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024