Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Балкански гурки со Гоцеви идеали (1дел)

    Балкански гурки со Гоцеви идеали

    Бидејќи нема прашања, нема ни одговори за тоа зошто за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е прашање на опстанок. Оттаму, надворешната политика ни личи како копија на „политиката“ на гурките (воени вазали на Британија што за својата беспоговорна стратегиска лојалност уште не се наградени ни со британско државјанство)

    ИМА ЛИ ИДЕНТИТЕТ МАКЕДОНСКАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА?

    Македонија е пред двојни избори. Во ек е кампањата за претседателските избори и во согласност со уставните надлежности, тема што би била во фокусот на кандидатите за оваа функција, па и нивните партиски спонзори, треба да е надворешната политика. Но, како што гледаме, оваа тема е сведена само на едно единствено прашање. Името, односно идентитетот, и тоа не како неприкосновено право на самоизбор и самоидентификација, туку како почетна цена на договорена лицитација во која за крајна стратегиска цел е прогласено купувањето влезница за зачленување во една воена и една политичко-финансиска-организација. Дури и во оваа кампања, каде што особено владејачката коалиција инсистира на отчетност пред изборното тело, на надворешната политика ѝ се дава малку простор. Отчетот е сведен на „суви“ бројки. Кој каде и колку пати бил и за што зборувал со кого, односно пред кого. Бидејќи нема прашања, нема ни одговори за тоа зошто за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е прашање на опстанок. Оттаму, надворешната политика ни личи како копија на „политиката“ на гурките (воени вазали на Британија што за својата беспоговорна стратегиска лојалност уште не се наградени ни со британско државјанство). Зошто политичарите избегнуваат отворено да говорат за безалтернативноста? Ако имаат силни аргументи, зошто не ги обелоденуваат? Колку ќе ја чини нацијата ова членство, односно, привилегија? Во пари, во политики што неповратно ќе го изменат секојдневието. На пример, во солидарниот фонд за Грција колку пари треба да уплати Македонија и под кои услови ќе се задолжуваме во Европската централна банка или кај Светската?

    Дали ќе војуваме и против Сирија ако „затреба“? Ќе се закрвиме ли и со Русија како што го сторивме тоа со Кина, признавајќи го Тајван по американска препорака? Ќе ѝ воведеме ли санкции на Русија по директива, односно „пријателски“ совет на Брисел, кој веќе нѐ советуваше да се откажеме од гасификацијата? Ќе кокетираме ли и натаму со еврофашизмот, кој едноставно цути и се институционализира во низа парламенти?

    Ајде, ќе рече некој, разбирливо е што десницата, која е доминантна во Европа, а во Македонија е на власт седум години, молчи пред овој феномен, ама кој па да ги разбере левицата и оние што наводно се во „либералниот“ и „прогресивен“ центар, кои исто така немаат ништо корисно да кажат. Напротив, како што се одвиваат работиве, при изведбата на крвави демократски револуции, тие се стратегиски партнери токму со неофашистите. Како во Украина, Египет, Венецуела, Турција. 
     
    КОНСЕНЗУАЛЕН МОЛК НА АПСТИНЕНТИ 

    Како што гледаме, на овие избори, Иванов и Пендаровски настапуваат сами. Иванов е без министерот за надворешни работи кого, според Уставот, го „делат“ заедно со Груевски, а Пендаровски и без лидерот и без лидерката и без својот министер за надворешни во сенка. Интересно е дека за македонската надворешна политика ниту еден од кандидатите не се впушта во ширина и длабочина. Реториката е рамна, еднолиниска, безбојна и неинспиративна. Со еден збор, консензуална. Македонската надворешна политика е напросто невидлива. Нема континенти, нема, димензии, нема испреплетени интереси, сложени односи, палета од бои, динамика, љубопитност, смелост, амбиции. Има само фиксиран поглед кон еден единствен правец виден како конечна дестинација. Светот драматично се менува, сведоци сме на историски настани со огромни последици, ама нив ги нема во надворешната политика на Македонија. Стандардниот политички одговор е дека Македонија е мала држава, со мала или никаква моќ, за да има артикулирани гледишта за крупни теми. Да, ама ако си мал, не значи и да немаш став по важни прашања. А кога имаш, како неодамна при гласањето во ООН во врска со резултатите од референдумот на Крим и си дел од кумулативната бројка од 100 држави, ќе треба да се отчеташ пред избирачите за гласот што си го дал. И не само за тоа туку и за други работи. На пример, како за принципи, принципиелност. Во конкретниот случај, Крим својата независност ја стекна по референдум. И без војна. Од друга страна, Косово стана опасен преседан, кој беше легализиран со притисоци, закани и со уцени. Политиката на државата во овие случаи е: Косово го признавме наспроти македонските државни интереси, а Крим не го признаваме, иако интересите го велат токму спротивното. Особено што нѐ чекаат уште референдуми за независност. Мисли ли некој како ќе се постави принципиелно земјава кон сите нив? 

    КОИ СЕ СЕРИОЗНИТЕ ДРЖАВИ ПО КОИ СЕ РАКОВОДИМЕ?

    Министерот Попоски вели дека одлуката да се гласа во ООН „против“ не била штетна по македонските интереси зашто гласањето било колку да се каже, да се помине од редот. Интересно е дека со ваков резон лани се претставивме на истиот светски форум по повод палестинската независност кон која бевме воздржани. Нашиот став, како што објасни министерот, бил во такви ситуации да сме ги следеле „сериозните земји“, како што била Германија на пример. На оваа тема на Иванов и на Попоски не им опонира Пендаровски, ама затоа критикуваат медиумите што се дел од „левата“ коалиција предводена од СДСМ. Тие во случајов имаат улога на прва борбена линија, која во незгодна ситуација ги става Иванов и Попоски - да се препотуваат пред гласачите, а го штеди Пендаровски, кој не се обелоденува за да не се избламира со одговорите. Оти се исти.

    И неговиот колега Бучковски од левоцентристичкиот алтернативен политички центар има горе-долу вака дефинирана политичка филозофија. Во случајов околу Украина, односно Крим, тој сугерира дури да го следиме храбро примерот со Црна Гора, односно со Албанија. Да ѝ воведеме санкции на Русија кои Македонија нема да ја чинат ама баш ништо, а Русија белки ќе ја здоболат до коска. Како кога ѝ брцнавме во око на Кина, па така им помогнавме на нашите „пријатели“ и „партнери“ да ни го промовираат УЧК во миротворен тинктенк-субјект со интегрирачки демократизаторски својства преточени во рамковниот устав и територијалната поделба. 

    Ако судиме според тоа како е замислена и како се води надворешната политика во континуитет, Македонија веќе го загуби својот политички идентитет. Надворешната политика на земјава во сиве 23 години независност, со мали исклучоци, може да се опише како збир од фатални киксови и исполнителна рутина, клише-политика на малокрвни лаици, опортунисти и кариеристи фасцинирани од политиката на сила изразена преку многу стапови и тек-тук понекој морков.
     

    Rating: 0.0/0
    Views: 204 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024