ХИДРОАКУМУЛАЦИЈА ВО KОСТУРИНО ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ТУТУНОТ
Проектирање мали хидроакумулации и воспоставување на системот за наводнување капка по капка беа тема на вчерашната средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со тим од експерти-инженери, предводен од Јавуз Kарадаг и претставници на Министерството за шумарство и водостопанство на Република Турција.
Министерот Димовски напомена дека изградбата на овие мали хидроакумулации претставува голема помош за индивидуалните земјоделски производители во производството на земјоделски култури. Турските експерти ветија помош со своето знаење и искуство во проектирањето на предвидените мали хидроакумулации. Во текот на оваа недела се предвидени теренски посети на системите за наводнување.
Министерот Димовски на средбата истакна дека во изминатиот период, а и периодот што следува, македонската Влада и Министерството во целост му се посветуваат на наводнувањето, односно веќе е почната темелна реконструкција на системот за наводнување и изградба на големи хидрообјекти. Се работи според утврден план на активности за следните 10 години, а во тек се подготовките за реорганизација на водостопанскиот систем за негово подобро и засилено работење и ефикасност, како и негово функционално враќање на предвидените 96.000 хектари земјоделска површина.
На состанокот министерот Димовски и експертскиот тим од Турција разговараа приоритет да му се даде за Kостурино, поради специфичната локација на местото и потребата на индивидуалните земјоделски производители за одгледувањето на тутунот како една од стратегиските култури во Македонија. Предлог-локација за мала хидроакумулација веќе постои.
По проектирањето на овие мали хидроакумулации, турските експерти, во следната фаза предвидуваат и воспоставување на системот за наводнување капка по капка.
(Дневник)
8 април 2014