УКРАДЕНИ 18 ИКОНИ ОД ЦРКВА ВО БАБИНО
Икони, крст и пари се украдени од црква во демирхисарското село Бабино. Според Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила кон крајот на минатиот месец, во црквата „Свети Никола". „Во временскиот период од 23 март до 5 април годинава, непознат сторител ја извршил тешката кражба“, велат во МВР.
Крадецот ја разбил вратата и влегол во црквата од каде што украл 18 икони, мал сребрен крст и околу 70 денари. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.
(Утрински Весник)
8 април 2014