АНГЕЛОВ: ЌЕ ПОДНЕСЕМЕ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО
Лидерот на Достоинство и носител на листа во 5-тата Изборна единица Стојанче Ангелов денеска во Битола презентираше дел од програмата. Тој пред битолчани вети дека ќе побара да се укине признавањето на Косово.
- Пратениците на Достоинство за Македонија во рок од шест месеци ќе поднесат резолуција за укинување на признавањето на Косово се додека Албанија не ја признае Македонија под нејзиното уставно име, рече Ангелов.
Вети дека ќе поднесе закон за укинување на Законот за територијална организација од 2004 година, закон за поништување на автентично толкување на Законот за амнестија со кои беа ослободени хашките случаи и нивно изведување пред суд.
(Утрински Весник)
8 април 2014