-Беспилотните летала се користат се повеќе ширум светот, но ние тоа нема да го правиме на начин на кој тоа го прават другите- рече Путин на конференцијата за проблемите на руската авијација.
Тој додаде дека ова не е компјутерска игра, и дека беспилотните летала се сериозни борбени машини за напаѓање и посматрање.
Рускиот претседател вели дека вооружените сили добиле 86 борбени авиони и повеќе од 100 хеликоптери во текот на оваа година, и дека за следната предвидена е набавка на 120 авиони и 90 хеликоптери.
-До 2020 година, руското воено воздухопловство ќе добие речиси 1.600 нови апарати, а уделот за користење на најмодерните технологии ќе биде зголемен на 70%, додаде Путин.
(Нова Македонија)
29 ноември 2013