„Не е постигнат никаков конечен договор", рекол Песков, за средбата меѓу Путин и украинскиот претседател Виктор Јанукович.
На веб страната Јанукович навел дека состанокот бил фокусиран на трговијата и економската соработка, а состанокот бил подготовка за идната спогодба за стратешко партнерство.
Медиумите во Украина пишуваат дека претседателите на двете земји разговарале за руската понуда од најмалку 12 милијарди долари заем за гасот по поволни цени, доколку Киев одлучи да не ја потпише спогодбата за придружување на ЕУ.
Во Киев денеска продолжи седмиот ден на протести на приврзаниците за европска интеграција на Украина, чија влада одби да го потпише договорот за пристапување кон ЕУ.