Уредникот на The Economist, Едвард Лукас, на својот профил на Твитер соопшти дека Украина пристапила кон Царинската унија.
Тој пишува дека се разговара за условите, но и за тоа дека Русија ќе даде 5 милијарди долари на Украина, како и дека цената за гасот за Украина ќе чини 200 долари за илјада кубни метри.
Според зборовите на Лукас, неговиот профил во Твитер не бил хакнат, а изворот од кој ги добил податоците се наоѓа на доста високо место.
Претходно стана јасно дека претседателот на Украина, Виктор Јанукович се сретнал со претседателот на Русија, Владимир Путин во Сочи.
(Руска реч на македонски)
7 декември 2013