Лидерот на опозициската фракција „Баткившчина", Арсениј Јацењук, тврди дека претседателот на Украина, Виктор Јанукович ќе потпише на 17 декември договор за стратешко партнерство во Русија.
Во петокот во Сочи се состанаа Јанукович и претседателот на Русија, Владимир Путин. За време на средбата се разговарало за прашања околу подготовката за претстојното заседание во Москва на меѓувладините комисии од двете земји. Во саботата портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека тоа заседание ќе се одржи на 17 декември. Притоа, тој забележа дека претседателите за време на средбата не разговарале за присоединување на Украина кон Царинската унија, како што претходно тоа го соопшти уредникот на The Economist.
(Руска реч на македонски)
7 декември 2013