Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    РУСИЈА ОТПИША 90 ПРОЦЕНТИ ОД КУБАНСКИОТ ДОЛГ

    РУСИЈА ОТПИША 90 ПРОЦЕНТИ ОД КУБАНСКИОТ ДОЛГ
    Русија и Kуба потпишаа договор за отпишување 90 проценти од долгот на Хавана кон сега непостојниот Советски Сојуз, кој изнесуваше вкупно 32 милијарди долари, со што е завршен 20-годишниот спор меѓу двете земји.

    Руски дипломати истакнаа дека договорот меѓу Kуба и Русија за отпишување на најголемиот дел од долгот е постигнат во октомври, а предвидено е Хавана во следните десет години да ~ исплати на Русија 3,2 милијарди долари, во замена за отпишување на преостанатиот дел од долгот од 32 милијарди долари, од кои 20 милијарди долари се главнината, а преостанатото се камати и други трошоци.

    Договорот за отпишување на долгот на Kуба треба да биде одобрен од руската Дума.

    Дипломатите тврдат дека претставници на Русуја и на Kуба ги продолжуваат преговорите за начинот на кој Хавана ќе го отплати преостанатиот долг, бидејќи 320 милиони долари годишно и понатаму претставува голема сума за Хавана.

    Kуба од извоз годишно остварува приходи од околу 18 милијарди долари, во кои се вклучени и приходите од туризмот и медицинските и образовните услуги.

    Kуба кон крајот на 80-тите години од минатиот век банкротира поради долгови кон Парискиот клуб, но во последно време презема мерки за реструктурирање на старите долгови за да го поправи финансискиот кредибилитет на меѓународниот пазар.

       (Дневник)
        11 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 228 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024