Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 12:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Меѓувладините спогодби за „Јужен поток“ имаат предност пред законодавството на ЕУ

    Меѓувладините спогодби за „Јужен поток" имаат предност пред законодавството на ЕУ

    Меѓувладините спогодби за изградба на „Јужен поток" имаат предност во однос на законодавството на Европската унија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. 
    dm 11

    Тој по средбата со словенечкиот премиер Аленка Братушек нагласи дека Европа ќе добие гас преку „Јужен поток" во роковите, кои ќе бидат одредени.

    -Од гледна точка на меѓународното право актите на ЕУ за земјите-членки претставуваат национално законодавство. Од гледна точка на меѓународното право меѓувладините спогодби со земјите од ЕУ, низ чија територија ќе минува „Јужен поток" се акти на меѓународното право, а во меѓународното право и во правото генерално важи принципот за предност на меѓународното право во однос на националното законодавство, нагласи Медведев.

    На средбата со Братушек, Медведев нагласи дека руските инвеститори можат да учествуваат во приватизација на повеќе објекти во Словенија.

    Словенија планира да ги приватизира авиокомпанијата Адриа ервејс, аеродромот во Љубљана, банката Нова кредитна банка Марибор, производителот на ласерски системи Фото-на, телекомуникациската компанија Телеком Словенија, компанијата за обоена металургија Цинкара Цеље.

       (Денешен Весник)

        11 декември 2013


    Rating: 0.0/0
    Views: 225 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024