-Може да се експериментира со разместување конвенционално вооружување на стратешките носачи, но треба да се има предвид дека во случај на евентуален напад врз нас, во согласност со усвоената доктрина, безусловно во одредени ситуации, за одбрана на високите државни интереси, ќе користиме нуклеарно оружје, изјавил заменикот на премиерот Медведев.
Тој додал дека кој и да е напаѓач, или група напаѓачи, мора да бидат свесни за тоа и дека таа можност е главен фактор за воздржувањето од провокациите или нападот врз Русија.
-Никогаш не сме ја намалиле улогата на нуклеарното вооружување во одбраната, посочил Рогозин.
(Денешен Весник)
11 декември 2013