Тој нагласи дека Русија не сака да биде „супер држава која ќе ги учи другите како треба да се живеат," во годишното обраќање во Долниот и Горниот дом на рускиот парламент. Путин рече дека тоа што другите земји во светот го зголемуваат стратешкиот потенцијал, во однос на можноста на ракетниот штит, може да доведе до поништување на сите поранешни договори во стратешките области.
-Предизвикува загриженост и тоа што другите земји развиваат потенцијал на нови и прецизни системи кои се налик на атомски експлозивни направи со мала сила, стратешки ракети со конвенционално полнење, надзвучни конвенционални системи наменети за нанесување удар во краток временски интервал и на голема оддалеченост. Внимателно го следиме развојот на таканаречените концепции на разоружување на моменталниот глобален удар - рече Путин.
Нагласи и дека противракетниот штит само по името е одбранбен систем и дека во пракса тоа е суштински дел од стратешкиот напаѓачки потенцијал.
Ова е десетто обраќање на Путин во Горниот и Долниот дом на парламентот, а годината тоа го прави на 20 годишнината на Уставот на Руската Федерација.
(Нова Македонија)
12 декември 2013