Со распадот на Советскиот Сојуз на постсоветското пространство се појави сосема нова политичка ситуација. Русија ја објави својата независност. На новата Русија ѝ беше потребно и ново државно устројство. Борис Елцин, како претседател на Врховниот совет на РСФСР, донесе решение за создавање на Уставна комисија на Врховниот совет на РСФСР и за подготовка на нов Устав на Русија. Така во 1989 година започна работата на проектот за Уставот.
Почнав да работам во Уставната комисија летото 1990 година како раководител на секретаријатот. Тогаш имав 28 години. Одговорен секретар беше мојот врсник Олег Румјанцев. Експертите кои влегоа во Уставната комисија имаа по 50-60 години.
За да се обезбеди нормален работен процес ни беа потребни најелементарни работа: компјутери, апарати за копирање. Во тоа време, секако, немавме ниту мобилни телефони ниту и-мејл. Од техника имавме само еден телефакс за целата комисија, а и тој не се појави веднаш. Но, затоа постоеше жива атмосфера, чувство на ново, интересно време. Сите работеа со огромен ентузијазам.
Јас имав Жигули-13. Можев да го паркирам точно пред вториот влез на Белата куќа. Се сеќавам кога ја добивме првата современа техника за работа. На нејзината основа во огромната спортска сала на управата на Советот на министри на РСФСР беше создадена компјутерска мрежа, во која се обработуваа многу амандмани за проектот за Уставот.
Работата на проектот за Уставот беше некако необична и незаборавна. Можните интелектуални сили кои околу себе ги имаше Олег, овозможуваа да се реши која било задача. Ние едноставно немавме можност да се опуштиме. Споровите и дискусиите за проектот на Уставот се претвораа во вистински интелектуален натпревар. Се сеќавам како сите од комисијата заминавме во Архангељское во вилата на Советот на министри на СССР. Се сместивме таму и речиси цел месец работевме на проектот. Мислам дека тоа беше најпродуктивниот период од нашата работа.
Во тоа време, секако, немавме ниту мобилни телефони, ниту и-мејл. Од техника имавме само еден телефакс за целата комисија, а и тој не се појави веднаш.
Најмногу спорови предизвикуваа главите од Уставот кои се однесуваа на ингеренциите на претседателот, на парламентот и на владата. Едни членови на комисијата настојуваа на тоа не само премиерот, туку и клучните министри да бидат назначувани со согласност на парламентот. Други, пак, предлагаа варијанта со која не се предвидуваше учество на парламентот во формирањето на владата. Притоа не беше предвидена функцијата премиер. Претседателот требаше во своите раце да ја има сета извршна власт.
Ги паметам тенковите од 1991 година, помнам како дојдов на работа во Белата куќа, откако набрзина се вратив од Крим, каде бев на одмор со семејството. Беше непријатно, но не беше страшно. Страшно беше потоа, во 1993 година, а во 1991 сè заврши брзо и, се чинеше, дека сè што е лошо остана зад нас и дека во иднина нè очекуваат само убави нешта.