Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:34 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан (1дел)

    Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан

    Амбасадорот на Руската Федерација во Таџикистан зборува за тоа што треба да се очекува по 2014 година.
    Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан
    Игор Љакин – Фролов: Најоптимистичкото сценарио предвидува дека денешната власт ќе остане само во Кабул и во поголемиот дел провинцијални центри со поддршка на САД и на НАТО. Извор: ИТАР-ТАСС

    Во пресрет на скорешното повлекување на војската на САД од Авганистан, амбасадорот на РФ во Таџикистан Игор Љакин – Фролов во интервју за „Комерсант", зборува за тоа каков развој на настаните се очекува во Душанбе и каква улога може да одигра 201 руска воена база во случај на заострување на ситуацијата.

    Комерсант: Руските експерти зборуваат за три можни сценарија на развојот на ситуацијата по повлекувањето на војската на НАТО од Авганистан: доаѓање на власт на Талибанците, граѓанска војна, раздвојување на сферата на влијание меѓу „Талибан" и постоечкиот режим. Од ваша гледна точка, кое сценарио е најверојатно?

    Игор Љакин – Фролов: Можам да зборувам за погледот од Душанбе. Кон ситуацијата во Авганистан тука се однесуваат мошне сериозно – како владата, така и експертите. Доколку само пред неколку месеци постоеше оценка дека ситуацијата во Авганистан е повеќе-помалку нормална и дека Таџикистан не чувствува директна закана, сега прогнозите стануваат сè попесимистички. Сите тргнуваат од принципот дека треба да се надеваме на подобро, но дека треба да се подготвуваме за најлошото.

    ОДКБ се подготвува за Авганистан
    ОДКБ се подготвува за влошување на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на авганистанскиот контингент на НАТО.

    Најоптимистичкото сценарио предвидува дека денешната власт ќе остане само во Кабул и во поголемиот дел провинцијални центри со поддршка на САД и на НАТО. Постои и помалку оптимистичко сценарио кое предвидува дека може да започне голема граѓанска војна која во целост ќе ѝ се заканува на авганистанската држава, а исто така и ќе постои закана и за безбедноста на земјите од Централна Азија.

    K: Тоа значи и на Русија?

    И.Љ.Ф.: Секако, и на безбедноста на Русија. Затоа треба да се подготвуваме.


    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024