Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:16 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан (2дел)

    Соседите се подготвуваат за колапс во Авганистан


    K: Се разгледува ли со таџикистанската страна прашањето за враќање на руската погранична војска на границата помеѓу Таџикистан и Авганистан?

    И.Љ.Ф.: На меѓународно ниво или во рамките на ОДКБ, колку што ми е мене познато, таквото прашање не е разгледувано. Сега пограничната војска на Таџикистан е во целост комплетирана со офицери и со обична војска, а нивниот број изнесува околу 16 илјади. Тоа е голема цифра. Таџикистанските граничари се солидно подготвени: многумина офицери минале обука во руските специјални школски установи.

    K: Но, многу руски експерти велат дека границата (околу 1.350 километри по планинските предели) се чува лошо.

    И.Љ.Ф.: Нашите таџикистански партнери велат дека тие со материјално-техничка поддршка од страна на Русија и на земјите од ОДКБ би можеле да обезбедат добра заштита на границата. Прашањето за враќање на руските погранични служби на таџикистанско-авганистанската граница, пред нив не е поставено.

    До кога Таџикистан ќе се тргува?
    Во Таџикистан минатата недела беа одржани претседателски избори. Не се случи никаква сензација. Победи актуелниот претседател Емомали Рахмон. За него гласаа 83.6% од гласачите (одѕивот беше 86.6%). Стручњаците сметаат дека државата и понатаму ќе се движи во насоката што Емомали Рахмон ја држеше во последниве десет години. Тоа значи дека следната година ќе биде мошне тешка како за Рахмон, така и за земјата.

    На септемврискиот самит на ОДКБ прашањето за давање помош на Таџикистан во врска со зајакнувањето на границата со Авганистан беше поддржано од сите земји. Првите доставки на оружје, муниција и некои видови специјална опрема кои се со најмалку трошоци, ќе бидат извршени уште во јануари.

    K: Ова е дополнителна на онаа воено-техничка помош која Русија му ја вети на Таџикистан?

    И.Љ.Ф.: Да. Постои програма за соработка на билатерална основа, но Русија и другите членови на ОДКБ сметаа дека е потребно на Таџикистан да му се даде насочена помош во врска со ова прашање.

    K:  Дали може да биде активирана 201 руска воена база која се наоѓа во Таџикистан, доколку ситуацијата во Авганистан се заостри?

    И.Љ.Ф.: Секако. Таа може да биде употребена во случај на непосредна закана за безбедноста на Таџикистан и на другите држави-членки на ОДКБ. Ваквата можност е предвидена со спогодбата за условите на разместувањето на руската база. Станува збор за дејства кои се усогласени заедно со раководството на Таџикистан. Во денешниве услови, кога ситуацијата во Авганистан се влошува, значењето на базата расте.


       (Руска реч на македонски)

        14 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 213 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024