Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 8:17 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Удри по Ленин – ќе ги исплашиш Русите! (1дел)

    Дмитриј Бабич, Радио „Гласот на Русија"

    Удри по Ленин – ќе ги исплашиш Русите!

    Во Русија дејствијата на украинската радикална опозиција, која го собори споменикот на Ленин и која на оние што сакаа им даваше симболички искршени со чекан делови од телото на водачот, предизвикаа некакво изненадување.
    Удри по Ленин – ќе ги исплашиш Русите!

    Оваа реакција не е поврзана со љубовта кон Ленин: количеството споменувања на Владимир Илич во руските медиуми, а исто така и во училишните и во факултетските учебници по историја од последниве 20 години имаат негативен карактер. Мнозинството Руси постепено почнаа да се согласуваат со официјалното мислење кое беше изградено во посткомунистичка Русија, според кое Ленин за време на револуцијата 1917-1921 година го прекинал природниот развој на Русија. 

    Доколку Украинците во СССР биле подложни на дискриминација, тешко дека во времето на Брежњев речиси половина од Политбирото би го сочинувале претставниците на оваа нација.

    Ова значи дека не станува збор за оправдување на постапките на Ленин, туку за методите со кои се справуваа украинските радикални опозиционери. Руските, а исто така и умерените Украинци, беа непријатно изненадени од самата стилистика на акцијата која, по сè судејќи, беше креирана од националистите од партијата „Слобода". Омразата со која тие го кршеа соборениот споменик, ја покажува главната црта на украинските националисти, која ги прави слични со, на пример, полските националисти. Оваа црта претставува восприемање на настаните дури и од далечната историја како буквално вчерашни лични навреди и повод за денешна одмазда.

    За радикално антируското расположение на украинските националисти гладоморот од 1933 година, кој беше предизвикан од дејствијата на едно друго веќе одамна заминато во друг свет сталинско раководство,  и тоа не само од територијата на Украина, туку и од Русија и Казахстан, небаре завршил вчера. Настаните од времето на колективизацијата се употребуваат каде што треба и каде што не треба, при што виновна за сè излегува, секако, современа Русија, која намерно извршила геноцид врз украинскиот народ(!). Украинските опозициски политичари, на пример градоначалникот на Лавов, уште малку ќе почнат да ги плашат своите сограѓани со гладомор, доколку Јанукович „не се опамети" и не го потпише документот за асоцијација со ЕУ. 

    Rating: 0.0/0
    Views: 189 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024