Владимир Путин потенцираше дека руската државна гасна компанија Газпром ќе ја намали цената на гасот за Украина од досегашните 400 долари за 1.000 кубици, на 268 долари.
Тој исто така рече дека на состанокот со Јанукович не се зборувало за пристапот на Украина во Царинската унија на поранешните советски републики.
Руските и Украинските функционери потпишаа денеска неколку договори за унапредување на трговската и индустриската соработка.
(Нова Македонија)
17 декември 2013