Забраната би се однесувала за деца до 16 години, а според тој предлог за организирање на такви натпреварувања би следувало кривично гонење, но и гонење на родителите на децата кои учествуваат.
Инаку жестоката расправа ја предизвика и предлогот на законот за заштита на децата од насилството на телевизија, на кои инаку според руските медиуми, под удар би дошле многу филмови, па и цртани филмови, кои содржат насилство како познатиот руски цртан „Волкот и Зајакот" па и „Том и Џери".
Затоа постои барање во Думата тој закон да се разработи до детали за да не дојде до апсурдни забрани.
Така на доработка оди и законот за заштита на децата од порнографија според кој пишува Руска газета, многу уметнички дела на кои се прикажани голи делови од човековото тело би требало да се повлечат од галериите и музеиите.
(Денешен Весник)
17 декември 2013