„Подрачјата на кои се размести ракетните дивизии „Искандер" на територијата на Калининград не се во спротивност со меѓународните договори", изјави началникот на информативната служба при Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Коашенков.
Така во воениот ресор пред новинарите е прокоментирана веста која ја пренесоа одредени медиуми за разместувањето на оперативно-тактички ракетни системи „Искандер" во Калининградската област во Русија.
„Ракетните единици и артилерија на Западниот воен округ навистина поседуваат такви системи", додаде Конашенков.
(Руска реч на македонски)
17 декември 2013