Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Путин го одврза ќесето за Украина?

    Путин го одврза ќесето за Украина?

    Со продолжување на извозот на нафта за рафинеријата во Одеса, Русија ја покажува решеноста да му помогне на соседот, оценува Ројтерс


    Руската помош му е неопходна на Јануковиќ кој се обидува да ги преживее протестите во Киев и да победи на наредните претседателски избори

    Украинскиот претседател по финансиска помош во Москва

    Русија по тригодишен застој се согласи да продолжи со испорака на нафта за рафинеријата во украинското пристаниште Одеса, како знак за поддршка на украинскиот лидер Виктор Јанукович за одбивањето на трговскиот договор со ЕУ. Јанукович и рускиот колега Владимир Путин вчера се сретнаа во Москва за да разговараат за можен нов руски заем за Украина. Украинскиот претседател исто така бара намалување на цената на рускиот гас за неговата земја, во обид да се надмине економската криза, и покрај тоа што евентуалниот договор со Русија би можел дополнително да ги разгори протестите во Киев, пренесува Ројтерс.

    Оптимизам во Киев
     
    Пред средбата со рускиот колега, Јанукович истакна дека се надева оти ќе биде постигнат договор за надминување на спорот за цената на гасот. Според него, таквиот договор би бил од корист за двете страни. Според Ројтерс, Јанукович се обидува да постигне најдобар договор за неговата земја со 46 милиони жители, но се соочува со постојани повици за оставка. Украинската опозиција повеќе недели протестира против Јанукович и Владата, поради одбивањето на спогодбата за асоцијација и трговија со Европската Унија. Унијата и Западот го обвинија Киев дека попуштил под притисокот на Москва, која, пак, сака Украина да ѝ се приклучи на проруската Царинска унија. Јанукович дури и индиректно призна дека морал да попушти пред рускиот притисок, имајќи ја предвид тешката економска ситуација на земјата. 

    Путин, оценува Ројтерс, се очекува да даде зелено светло за заем за Украина, додека украинскиот министер за енергетика изрази оптимизам дека руската страна ќе понуди помала цена на природниот гас. Берзите реагираа наспроти средбата во Москва меѓу двајцата лидери. Цената на украинските обврзници се зголеми, а трошоците за осигурување на долговите се намалија, како што се намалија стравувањата на берзите дека Киев не ќе може да го плати долгот кон кредиторите. 

    Путин го направи првиот чекор

    Светските медиуми оценуваат дека со продолжување на извозот на нафта за рафинеријата во Одеса, Русија ја покажува решеноста да му помогне на соседот. Официјална Москва се согласи во првото тримесечје на 2014 година да испорача 750.000 тони нафта, вредна околу 600 милиони долари. 
    Рафинеријата е во сопственост на индустрискиот конзорциум ВЕТЕК, кој, според Ројтерс, ужива цврста поддршка од украинските власти. Рафинеријата во Одеса, која дневно може да преработи 70.000 барели нафта, беше затворена во октомври 2010 година, поради слабите финансиски резултати. Таа беше рестартирана пред два месеци, откако ВЕТЕК ја купи од рускиот нафтен агент „Лукоил". 

    Евентуалниот договор со Украина ќе биде пречекан во Москва како триумф на Путин, поради неговиот успех да ја задржи земјата во руската сфера на политичко и економско влијание и тоа повеќе од 20 години по колапсот на Советскиот Сојуз, спречувајќи историско приближување на Киев кон Запад. Украина бара финансиска помош за да го покрие надворешниот долг за наредната година, кој изнесува 17 милијарди долари, односно речиси исто колку и девизните резерви на Централната банка. Украински дипломатски извори оценуваат дека заемот би достигнал 15 милијарди долари, при што Русија однапред ќе донира околу 3-5 милијарди долари. Очигледно е дека покрај притисоците, влијание врз Киев имаат и руските понуди, кои се подарежливи од оние на ЕУ. Брисел досега на Украина ѝ понуди околу 840 милиони долари, но европски претставници истовремено преговараат со ММФ, Светската банка и другите финансиски институции за украинската помош. 

    Јанукович очигледно се обидува да издејствува најдобар можен договор за неговата земја, но Ројтерс предупредува дека поттикнувањето на Истокот против Западот е опасен маневар и ризикува да ги оддалечи и двете страни. Не постојат гаранции дека Украина може да го избегне банкротот или, пак, девизната криза. Истовремено, Путин ја смета Украина од витално значење за формирањето на политичката и економска унија, која ќе се протега од Тихи Океан до границите на ЕУ. Јанукович, барем засега, не се очекува да ја приклучи Украина на проруската Царинска унија, која Путин ја смета за основа на планираниот политички и економски сојуз. Одложувањето на членството во Царинската унија би можело да биде последното средство за ценкање на украинскиот претседател, кој се обидува да ги преживее протестите во Киев и да победи на наредните претседателски избори, закажани за 2015 година. 

       (Нова Македонија)

        18 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 223 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024