Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:38 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Зимски аспекти на рускиот живот (1дел)

    Зимски аспекти на рускиот живот

    Една од првите асоцијации која доаѓа со зборот „Русија" е зимата. Иако во Русија постојат и суптропски области, најголемиот дел од земјата има долги, снежни и мошне ладни зими. „Руска реч на македонски" ви раскажува за тоа што сѐ современите Руси и нивните градски служби мораат да прават со автомобилите, со цевководите, со становите и облеката за да можат нормално да функционираат во зима.
    Зимски аспекти на рускиот живот

    Како Русите ја поднесуваат студената клима?

    Кога ќе се спомене Русија, многумина веднаш помислуваат на сибирските мразови. И навистина, студеното време не е реткост во Русија, но факт е дека во неа постојат повеќе климатски зони: од поларна до суптропска на брегот на Црното море. На пример, просечната температура во јануари во Сочи изнесува 15 степени Целзиусови, бидејќи овој град се наоѓа на иста географска должина како и Ница. 

    Ојмјакон: животот на најстуденото место на планетава
    Источносибирското село Ојмјакон е мошне необично место. Тоа е најладното населено место на планетава, но во него сонцето секогаш свети заслепувачки и среќните стогодишници на минус 70 степени ги пасат елените.

    Граѓаните на Русија кои живеат во другите краишта на земјата можат со различни чувства да гледаат на Сочи, а особено 470 жители на местото Ојмјакон во Јакутија, каде минатата година беше забележана температура од -72 степени Целзиусови. Во Ојмјакон зимата во најголема мера влијае на животот на луѓето, но тие од дамнина се навикнати на студот и спокојно се однесуваат кон него. Следуваат неколку примери кои илустрираат како изгледа животот во Русија кога ќе настапи зимата.

    Мобилност: зимата во Русија изискува ефикасно делување на комуналните служби

    Руските возачи се посебно „вооружени" за борба со снежната меќава. 

    Снежната прекривка од пет сантиметри предизвикува хаос во Германија, додека во Русија ситуацијата станува сериозна дури кога таа ќе достигне висина од 40 сантиметри. 

    Острите зими се вообичаени за Русија: во ноември 2010 година температурата беше над нулата, за по само 24 часа да се спушти на -20 степени Целзиусови. Следната година беше уште поладна со просечна температура од -28 степени според Целзиус, со што беше постигнат нов рекорд за последниве 60 години. 

    Московска зимска бајка
    Прочуените руски зими обично ги плашат туристите, но нема потреба од страв. Облечете се добро, искористете ги кафулињата, театрите и музеите за да се стоплите после прошетката и вистински ќе го запознаете духот на руската престолнина. Всушност, Москва е најпосетена кога врз градот ќе почне да паѓа снег..

    Во Москва зимата трае околу 4 месеци и во просек се бележи 50 дена со врнежи од снег. Преку ноќ може да паднат и до 40 сантиметри снег и тогаш градските комунални служби мораат веднаш да стапат во дејство за да се исчистат улиците.

    Штом почне да паѓа снегот, машините за чистење излегуваат на градските улици. „Три-четири сантиметри снег никогаш не претставуваат проблем, за нас тоа е рутинска работа", вели Пјотр Бирјуков, заменик на градоначалникот на Москва задолжен во Градската управа за прашањата од станбено-комуналната сфера и за уредувањето на градот. 


    Rating: 0.0/0
    Views: 263 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024