Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:06 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Зимски аспекти на рускиот живот (2дел)

    Зимски аспекти на рускиот живот

    Со плугови снежните наноси се отстрануваат од сообраќајниците, а потоа се товарат во камиони за отпад и се носат на една од 200 локации на кои снегот се топи. Секоја од овие локации има капацитет до 300 тони снег дневно. Градот годишно издвојува 20 милиони евра за одржување на возниот парк за чистење на снегот. 

    „Имаш ли 'вебасто'?" Ова прашање чуварите на паркинзите им го поставуваат често на возачите кои возилата преку ноќ ги оставаат на отворено. Притоа мислат на грејач за автомобили од производителот Webasto кој работи и кога моторот е изгаснат. Без него не би било можно да се стартува возило на -35 степени Целзиусови. 

    Покрај зимските гуми, задолжителен дел од автомобилската опрема се и шилци за возење по снег. Назима се трошат големи количества течност за миење на ветробранот – и до 5 литри дневно. Оваа течност може да се купи баш насекаде. Многу возачи си го олеснуваат одржувањето на возилата на тој начин што вградуваат дополнителен резервоар.

    Начин на живот

    ...Плаќање сметки за греење. 

    „Одам во ‚бања‘, а ти потпали го огнот во 'печката‘ и стави го самоварот" – ова еден типичен Русин го кажа пред 50 години. „Бања" е руска сауна, додека „печка" е голема камена печка која се наоѓа во секоја „изба" (руска дрвена куќа. Самовар, пак, е голем сад во кој се грее вода за чај). 

    Волшебна зима во националниот парк Таганаи
    Погледнете го националниот парк, за кого геолозите кажуваат дека е стар 680 милиони години - неговата недопрена убавина и незагаденост од цивилизацијата..

    Сѐ поголемата урбанизација доведе до постепено исчезнување на традиционалниот начин на живот, особено во советското време кога масовно се градеа станови. Во современа Русија становите се загреваат со помош на централен систем за оддалечено греење, без сопствен термостат. За да се постигне пријатна собна температура, потребно е повремено да се отворат прозорците. Имено, просториите често се прегреани и воздухот во нив станува сув. Овој проблем се јавува ширум земјата, а тоа им оди добро на продавачите на овлажнувачи на воздухот. 

    За да се спречи замрзнувањето на цевките, водата претходно се загрева во топланите, а потоа со пумпа се транспортира директно во домовите. Недостатокот на ова решение е што граѓаните на Русија греењето го плаќаат и налето, во време кога производството на топла вода престанува во рок од три недели поради ремонт на топловодот.

    Облека: подготвени за мраз

    Ракавиците во Русија ги донеле Варјазите (Викинзите), оттаму потекнува и нивниот назив во рускиот јазик – „варежки". Ракавиците ги греат дланките, а бабите сакаат да им ги плетат на своите внуци. 

    Чизмите „валенки" се прават од валана овчка волна. Штитат од ладно и на температура од -30 степени Целзиусови. Но, не се водоотпорни и немаат ѓон, па затоа се носат со калјачи. Се проценува дека во Русија годишно се произведуваат 4.5 милиони пара вакви чизми. 

    Ушанка е крзнена капа со заштита за ушите, како што кажува и самото име. Таа е препознатлив симбол на Русите. Денес постојат многубројни варијанти на ушанка - од едноставни, направени од вештачко крзно, до луксузни модели од самур.

       (Руска реч на македонски)

        19 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 232 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024