Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 8:18 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Русија во трката за вооружување: „Сармат“ погодува јаболко преку океанот

    Русија во трката за вооружување: „Сармат" погодува јаболко преку океанот

    Русија го засилува темпото во трката за вооружување, а дел од програмата е изградба на нови фабрики за оружје, додека постојните ќе бидат осовремени со нова опрема. Производството на ракетата „јарс" добива висок приоритет, а на западниот руски брег т.н. „Сатана" ќе добие наследник кој ќе се вика „Сармат", пишува „Вечерње новине"


    Во септември од САД пристигнаа вести за ново супер оружје, кое е високопрецизно и може да носи боева глава и кое за време од еден час може да погоди било која цел на земјата. 

    Кремљ веднаш реагираше и со наредба на Владимир Путин брзо се пристапи кон изградба на најмодерно оружје. Со изградбата на нови фабрики ќе се унапреди производството на ракетата „јарс", со кои ќе бидат заменети старите, но најмоќни ракети на светот кои поради силината се наречени „Сатана". 

    - Ние не седиме со скрстени раце и верувајте дека конструкторите во фабриките работат многу сериозно. Оружјето кое го поседуваме е моќно, мобилно и ефикасно, објасни министерот Сергеј Чојку. 

    Наследникот на ракетата „Сатана" ќе се вика „Сармат"  и ќе може да погоди јаболко на другата страна на океанот, тврди Дмитриј Рогозин, рускиот потпретседател на владата задолжен за воено-индустрискиот комплекс. 

       (Нова Македонија)
        22 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024