Ослободувањето на Ходорковски го нарекоа "триумф на германската тајна дипломатија"
Ослободувањето на Михаил Ходорковски, помилуван во петокот од претседателот на Русија Владимир Путин и кој слета во Берлин веднаш по ослободувањето, тоа е "триумф на германската тајна дипломатија", која се борела за тоа 2,5 години. Така изјави новинарот и политикологот, научниот директор на Германско-рускиот форум Александар Рар, кој го пречека Михаил Ходорковски во Берлин, во интервју за Spiegel Online.
По зборовите на Рар, во Германија "се уште постојат тајни канали на врски со Русија", кои повеќе ги нема во другите европски земји, и кои во такви ситуации, како во случајот со Ходорковски, "можат да се активираат". Рар соопшти, дека клучно лице во операцијата за ослободување на Ходорковски бил екс-главата на МИД на ФРГ Ганс-Дитрих Геншер, кој се изборил за тоа, Ходорковски да дојде во Германија, "по пат на долги преговори". Како што тврди Рар, за својата "мисија" Геншер му соопштил лично пред две и пол години - тогаш Рар бил член на Советот на ФРГ за Меѓународни односи (DGAP), а Геншер - негов претседател.
Претходно Spiegel Online пишуваше, дека Геншер неколку месеци водел преговори со државата за Ходорковски и два пати лично се сретнал со претседателот на Русија, за да го разгледа помилувањето на екс-главата на ЈУКОС. Според податоците на весникот, по помилувањето имено Геншер преку еден свој познат бизнисмен го организирал летот на Ходорковски во Берлин со приватниот авион Cessna 525. Преку делувањето на амбасадата на ФРГ во Москва Ходорковски добил една година разрешување за влез во земјата.
Прес-конференцијата на Михаил Ходорковски - првата по неговото ослободување од затворот, каде тој помина 10 години - ќе се случи на 22 декември во Берлин. Како што изјави неговиот адвокат Вадим Клувгант, на оваа прес-конференција, Ходорковски "ќе раскаже се" за своите планови. Ослободениот бизнисмен престојува во хотелот со пет ѕвездички "Адлон" во центарот на Берлин, каде веќе втор ден дежураат новинарите. Во саботата тој се сретна со својот син Павел и со родителите.
На 12 ноември Ходорковски му се обрати на Владимир Путин со писмо за помилување. На 20 декември претседателот го потпиша соодветниот указ, по што по неколку часови екс-сопственикот на ЈУКОС се најде на слобода. А по неколку часа пристигна во Берлин, каде слета со приватниот авион Cessna.
(forbes.ru)
22 декември 2013