Калашников, најпознат како творец на познатата автоматска пушка АК-47, позната и како „калашников" од ноември беше на болничко лекување.
-Калашников почина по подолго боледување - пишува во соопштението за печатот.
Автоматот „Калашников" во официјална употреба е во повеќе од 100 држави во светот, а неговиот конструктор е единствената личност која е истовремено одликувана со признанието Херој на Русија, и два пати со признанието Херој на социјалистичката работа.
Калашников е роден на 10 ноември, во селото Курија, во Алтајската област.
(Нова Македонија)
23 декември 2013