Според првичните податоци, вредноста на пронајдениот килибар изнесува околу една милијарда рубљи (над 22 милиони евра), соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Вредниот материјал бил откриен во истрагата што се водела против Виктор Богдан, поранешен сопственик на фирмата „Специјалист", осомничен за измами со ДДВ во износ од приближно 250 милиони рубљи.
Полицијата упаднала во работилница за обработка на килибар и открила заѕидана просторија во која имало 227 сефови со вкупно 5,1 тон килибар. Многу од парчињата тежеле над 1,5 килограм.
Според експертите, меѓу нив имало и уникатни примероци кои би можеле да чинат околу 100.000 долари.
По Виктор Богдан и неговите соучесници е распишана меѓународна потерница.