Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 10:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ Путин: Ракетите РС-24 „јарс“ поставени на боево дежурство

    РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ

    Путин: Ракетите РС-24 „јарс" поставени на боево дежурство

    Рускиот претседател соопштил дека армијата на „боево дежурство" го поставила новиот ракетен комплекс.

    Руската армија на „боево дежурство" го ставила новиот ракетен стационарен комплекс. За ракетите од новата генерација што се чуваат во „бунари", претседател Владимир Путин зборувал на седница на министрите на руската влада вчера попладне во Подмосковје, пренесува Новости.

    „Ја спуштивме во вода новата подморница, а еве уште една новогодишна новост, на боево дежурство стапи нов ракетен комплекс", кажал Путин. Станува збор за ракети кои се чуваат во силоси или бунари. Рускиот претседател не прецизирал за кој тип ракета станува збор, туку истакнал дека тоа е „новата генерација" што ја зголемува борбената готовност на Русија.

    Воените експерти сметаат дека станува збор за ракетата РС-24 „јарс". Русите потсетуваат дека оваа стационарна интерконтинентална балистичка ракета била успешно лансирана неодамна од космодромот Плесецк. Таа ги погодила целите на полигонот Кура на Камчатка, а во завршната фаза на летот прави „букет" од проектили од кои секој гаѓа посебна цел. Ракетата „јарс" ја конструирал Институтот за топлинска техника во Москва, а ги произвел Воткинскиот завод за машиноградба.

    Неодамнешното лансирање на овие ракети покажале дека не само што се прецизни, туку се и безбедни. Ракетите „јарс" летаат со помош на тврдо гориво, а експертите тврдат дека тие се побезбедни од оние што користат течно гориво.

    Стигнуваат и С-400

    Руските ракетни единици добиле уште два полка од системите С-400 „триумф". Системот С-400 сега користи ракети со дострел од околу 250 километри, а во исто време можат да гаѓаат 36 цели. Не е тајна дека Русите работат на нови ракети за тој систем, чиј дострел ќе биде далеку поголем. На екипажот му се потребни пет минути за да се подготви за гаѓање.

       (МКД)

        27 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 194 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024