Лансирањето на двостепената ракета носач „Сојуз 2.1", од лесна класа, со нов мотор и дигитален систем за наведување, првично беше планирано за почетокот на 2012 година, но беше одложено поради инцидентот при тестирањето, кога беше оштетен моторот на ракетата.
Потоа беше предвидено лансирањето да се изведе на почетокот на оваа недела, но и тоа се одложи, наведоа британските медиуми.
Ракетата е лансирана од космодромот Плесецк, во северозападниот регион Архангелск.
Првата ракета „Сојуз" беше лансирана во 1966 година, а претходно нејзиниот прототип, „Восток", во вселената го однесе првиот космонаут Јуриј Гагарин.