Жена се самоуби и разнесе уште 18 други лица
Во експлозија на железничка станица во Волгоград, подметната од терористка самоубиец, според првични информации загинале 18 лица, соопшти информативниот центар на Националниот антитерористички комитет (НАК), цитиран од ИТАР-ТАСС.
„Денеска во 12:45 часот, по московско време, на железничката станица во Волгоград при активирање на непозната експлозивна направа дојде до моќна експлозија, што доведе до човечки жртви. Се претпоставува дека експлозијата е дело на терористка самоубиец, се посочува во соопштението на НАК.
Според првични информации, 18 лица загинале, а ранети се приближно 50 лица.
http://youtu.be/aoSbzJx6nhk
(Денешен Весник)
29 декември 2013