Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Четиринаесетмина загинати во самоубиствен напад во Волгоград

    Четиринаесетмина загинати во самоубиствен напад во Волгоград

    Москва е загрижена дека исламистички бунтовнички групи ќе ги интензивираат нападите и насилството наспроти Зимските олимписки игри во Сочи, кои ќе се одржат во февруари наредната година


    Јужниот руски град за два месеци втор пат цел на бомбаши-самоубијци

    Експлозии на југот од Русија

     Најмалку 14 лица биле убиени, а околу педесет се ранети во терористички напад на железничка станица во Волгоград. Првичните информации говорат дека нападот го извршила жена бомбаш-самоубиец, а руските власти стравуваат дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем. До затворањето на весникот никој не ја презеде одговорноста за терористичкиот напад, кој се случува на нецели два месеци од почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Москва е загрижена дека исламистички бунтовнички групи ќе ги интензивираат нападите и насилството наспроти Олимписките игри, а ова е втор напад во овој јужен руски град во изминатите два месеци. 

    Руските власти, пренесува новинската агенција Интерфакс, соопштија дека бомбашот-самоубиец го детонирал експлозивот пред детекторите за метал на влезот од железничката станица во Волгоград. На видеоснимка од безбедносни камери надвор од зградата може да се забележи моментот од експлозијата, односно голема огнена топка внатре, на главниот влез од станицата. Според властите, бомбата била направена од 10 килограми динамит и наполнета со метални шрапнели, за да предизвика максимален број жртви на станицата, која поради новогодишните празници била преполна. Комитетот за борба против тероризам соопшти дека биле пронајдени и остатоците од жената што го извршила самоубиствениот напад. 

    - Кога го видела полицаецот во близина на детекторот за метал, таа станала нервозна и го активирала експлозивот - изјави Владимир Маркин, портпарол на Комитетот. 

    Рускиот претседател Владимир Путин побара од полицијата да ги преземе сите неопходни безбедносни мерки по нападот во Волгоград. Според руските медиуми, Путин ѝ наложил на Владата, а особено на министерствата за вонредни ситуации и здравје, како и на локалната власт, да сторат сѐ да се обезбеди неопходната помош за ранетите во терористичкиот напад. 

    Руските власти се загрижени од интензивирање на нападите во пресрет на Олимпијадата во Сочи, кој се наоѓа на околу 690 километри од Волгоград. Пред неколку месеци лидерот на чеченските бунтовници Доку Умаров ги повика своите приврзаници да организираат и да спроведат напади во текот на Олимписките игри. Во петокот три лица беа убиени при експлозија на автомобил-бомба во јужниот руски град Пјатигорск.

    Волгоград и во октомври беше цел на терористички напад, кога беа убиени шест лица, а над триесетмина други беа ранети. Нападот исто така го изврши жена бомбаш-самоубиец, која се саморазнесе во преполн автобус. Исламистичките бунтовници во регионот на Северен Кавказ извршија повеќе терористички напади. Тие извршија напади и врз неколку руски градови.


    Милион рубли за семејството на секој загинат

    Семејствата на лицата убиени во терористичкиот напад во Волград ќе добијат по еден милион рубли, односно околу 33.000 долари. Властите од волгоградскиот регион соопштија дека на лицата ранети во нападот ќе им бидат исплатени по околу 6.000 долари. Покрај тоа, локалните власти прогласија тридневен период на жалост, од 1 до 3 јануари наредната година. 


     
       (Нова Македонија)
       30 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 203 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024