Оксана два пати била мажена за исламски милитантни активисти, но нејзините сопрузи се ликвидирани.
Таа била блиска пријателка со Наида Асијалова, која што во октомври го организираше бомбашкиот напад во Волгоград во кој загинаа шест лица, а 30 беа повредени.
Портпаролот на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин потврди дека се пронајдени нејзините посмртни остатоци и додаде дека експлозивната направа ја активирала кога ги видела полицајците во близина на детекторот за метал.