Овој самопрогласен емир на Кавказ, кој во медиумите е познати како Осама бин Ладен од Русија, стои зад самоубиствени бомбашки напади во московското метро во пролетта 2010 година, кога загинаа најмалку 40 лица, а беа повредени над 100. Тој ги наредил и нападите на московскиот аеродром "Домодедово", кога настрадале најмалку 37, а биле ранети околу 180 лица.
Во февруари 2012 изјави пред медиумите дека неговите приврзаници треба да ги прекинат нападите на цивилните цели во Русија и да се концентрираат само на воените и безбедносните цели. Но тој повторно се огласи и најави дека со сите сили ќе ги оневозможи Олимписките игри на брегот на Црното Море, кои се одржуваат во близина на планините на Кавказ.
Американскиот Стејт департмент во 2010 година го стави „емирот од Кавказ" на листата на глобални терористи, поради можните напади во земјите сојузнички на САД.