– Нема да отстапиме и ќе продолжиме со постојаната борба против непријателот кој може да биде победен само со заеднички напори, се наведува во соопштение од руското Министерство за надворешни работи.
Министерството не посочува група одговорна за нападите, но наведува дека тие се извршени во момент на закани од екстремисти како Доку Умаров, лидер на исламските бунтовници во Северен Кавказ, кој повика негови симпатизери да го спречат Зимските олимписки игри во Сочи во февруари.