Експлозија и во Дагестан, еден мртов
Во градот Хасавјурт, во руската република Дагестан, експлодираше импровизирана експлозивна направа, при што еден минувач загина, а повредени се двајца полицајци
-Бомбата експлодираше додека полицискиот автомобил поминувал на крстосница, при што повредени се двајца полицајци и еден минувач, кој подоцна почина - се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на руската република Дагестан. На местото на експлозијата се наоѓаат инспектори, а полициски кучиња го пребаруваат подрачјето, во случај да има поставена уште една бомба. Во Волгоград, на југот на Русија во напад на бомбаш - самоубиец во тролејбус загинаа 15, а повредени се 27 лица, за помалку од 24 часа откако на железничката станица во истиот град во самоубиствен напад со бомба, беа убиени 17 лица.
(Нова Македонија)
30 декември 2013