-Уапсени се 87 лица, кои и се противеле на полицијата и кои немале дозволи за носење на оружје. Претресени се вкупно 1.500 згради и објекти и повеќе од 1.000 лица се - нагласи тој.
Регионалното Министерство за здравје соопшти дека бројот на загинатите се зголеми на 34.
-Од експлозијата на железничката станица на 29 декември загинаа 18 лица, додека во вчерашната експлозија во тролејбус настрадаа 16 лица - се вели во соопштението.
Во Волгоград прогласена е тридневна жалост која ќе трае до трети јануари.
(Нова Македонија)
31 декември 2013